Иако тежината на предизвикот содејствува на тежината на парите што се ветени, конкурсот содржи и еден дополнителен критериум за заинтересираните: секој треба сам да одреди кои се највознемирувачките проблеми на планетава.
На натпреварот доставени се повеќе од 1.900 предлози од 801 официјален учесник. Во критериумите меѓу другото се бара концептите "да решаваат критични проблеми на луѓето, населените места или планетата" и да бидат "содржајни, истрајни, изводливи и да можат да се потврдат" што значи дека учесниците треба да достават некаков доказ или функционален концепт, плус временска рамка како тоа ќе се развива.
На почетокот од годинава од 801 учесник, Фондацијата ги намали изборот на 8 четврт-финалисти, за неделава да го преполоват купот и да ги прогласат четирите идеи кои влегоа во финалето.
Првиот финалист е Католик релиф сервисес кои сакаат да ги преправат начинот на кој функционираат сиротопиталиштата во земјите во развој со тоа што сегашниот групен модел повеќе би го насочиле кон семеен тип на грижа за сирачињата.
Харвест плус планира да ги реши проблемите со здрава исхрана и глад, како и зголемување на приходите на земјоделците со тоа што ќе им овозможи одгледување на биолошки-зајакнати култури во Африка. Планот им е да се стигне до 100 милиони луѓе во над 17 држави во следните 5 години.
Рајс 360 институтот за глобално здравје предложи создавање флота од "нео-натална технологија" која може да се адаптира на околина со ниски ресурси, и која би ги подобрила шансите за преживување на новороденчињата во некои од најнедостапните и запоставени предели на Африка.
Последниот предлог е соработка меѓу Сесами работилницата и Меѓународниот комитет за спасување, кој планира да го искористи моделот за образование од истоимената серија за да го промовира учењето меѓу децата бегалци и да го намали нивниот стрес од таквото искуство.
Во следната фаза фондацијата планира секој од финалистите да го покани на серија неделни он-лајн дискусии каде јавноста може да поставува прашања за секој од предлозите. Финалната презентација на секој од финалистите е во декември, кога треба да биде преставена и функционална верзија на проектот.
Мекартур направи посебна колекција од топ 200-те најдобри предлози кои не влегоа во финалето а имаат потенцијал да направат промени во животот на луѓето. Предлозите се јавно достапни за потенцијални соработници или инвеститори.