Алпајн еар, полни конзерви со чист воздух од Алпите за кој тврди дека е собиран од различни локации исклучиво низ швајцарскиот дел од планинскиот масив. Воздухот во конзерва (спреј) доаѓа со маска што се лепи на лицето и помага во дишењето.
Цената е 21 долар за 10 минути дишење чист воздух од швајцарските Алпи, пресметката е според математиката на производителот дека една конзерва од седум литри содржи воздух за над 120 вдишувања.
"Производот е за популација која секој ден живее во ужасно загадување, загадување кое може да го скрати нивниот животен век и да предизвика сериозни здравствени проблеми. Една конзерва швајцарски воздух не е одговор на нивните проблеми, меѓутоа фино е да можат да дишат чист, свеж воздух, па барем и на кратко," објаснува ЦЕО-то на компанијата Дени Вур.
Очекувањата на Вур се неговата компанија да стане "главен светски играч на новиот пазар на воздух за дишење".
Освен Кина, Вур гледа потенцијал и во европското соседство, објаснувајќи како на пример на човек што се вози со лондонското метро на температура од 35 степени, добро би му дошле неколку вдишувања чист планински воздух, "затоа што знам како е носот да ти биде заглавен под нечија мишка во метро".
Изборот на кинескиот пазар е затоа што кинеските туристи во Швајцарија веќе имаат навика да купуваат пакуван воздух, а Кина веќе увезува воздух од Канада и Австралија, "ние мислиме дека швајцарскиот алпски воздух е уште подобар".