„Денес, на 46 години, сакам на мојот живот да му дадам ново значење и да редефинирам што е суштинско за мене“, порача во кратко видео објавено на Фејсбук Себастијан Брас чиј ресторан Ле Суке ги има максималните три ѕвезди а неговата храна во највлијателниот гастро водич на светот редовно се опишува како „волшебна“.
Ова е прв случај некој да побара изземање од рангирањето а да не се работи за затворање на ресторанот или менување на неговиот концепт. Брас сака да продолжи со истиот концепт (курс од три јадења, со печена патка, стек од домат и еукалиптус чини 310 долари) и посветеност но без притисокот дали ќе ги задржи престижните ѕвезди.
“Ве проверуваат два или три пати годишно, никогаш не знаете кога и од кој гостин. Секој оброк кој излегува од вашата кујна може да биде оброкот кој ќе биде рецензиран и од кој ќе зависи вашата судбина. Тоа значи дека секој божји ден, еден од 500-те оброци кои ги пуштате во ресторанот може да e пресуден“, објаснува Брас кој го наследи ресторанот од својот татко пред 10 години.
И самите луѓе од Мишелин беа очигледно затекнати од ваквото барање па матно соопштија дека тоа не значи автоматско повлекување на Ле Суке од конкуренцијата но дека сакаат да ја почитуваат одлуката на шефот па дополнително ќе размислат како да постапат.
Претходно пишувавме за 44 годишниот Беноа Волтиер, човекот кој се уби само неколку дена откако беше прогласен за најдобар готвач на светот.
Види „Како готвеше човекот кој се самоуби?“
****
Види и:
Зошто Рене Реџепи не доби трета Мишелин ѕвезда?