Еден од најугледните француски готвачи чиј ресторан ги има максималните три Мишелин ѕвезди веќе 20 години, побара тие да му бидат одземени и веќе да не учествува во рангирањето. Човекот не сака да живее под притисокот да биде еден од апостолите на светската гастрономска библија.
Новиот Мишелин водич Сингапур им даде ѕвезда на двајца улични продавачи на храна, што се случува за прв пат во историјата на водичот. Објаснувањето на судиите од Мишелин до еден од сопствениците: ние оценуваме храна, а не објект.
Мистеријата е како да успееш да ги убедиш најдобрите готвачи на светот да се грижат за тоа што за нив мисли компанија која произведува гуми. Решението – народ.