Таг: ресторан

Најстариот ресторан на светот работи непрекинато цели 300 години

Се вика ресторан Ботин и се наоѓа во Мадрид, Шпанија. Не е препорачлив за вегетаријанци, бидејќи е најпознат по „олд скул“ рецепти кои вклучуваат печено прасе бавно крчкано во печка која не е изгасена од 1725-та.

Јапонски ресторан во кој служат луѓе со деменција

Во светот, 35 милиони луѓе живеат со деменција. Се смета дека оваа бројка до 2050-та ќе порасне на 115 милиони. Како овие луѓе да се социјализираат и да се чувствуваат корисно? Еден ресторан во Токио има решение.

Ресторанот на Меси во Росарио бесплатно храни бездомници

Во Аргентина во моментов е зима со незгодни студови, поради што бездомните луѓе кои се најзагрозени бараат помош. Семејството на Лионел Меси направило убав гест за сите кои немаат каде да се нахранат.

Келнер: Не сум груб, само сум Француз

Француски келнер бил отпуштен од канадски ресторан заради проценка дека бил „агресивен, груб и не покажувал почит“. Сега тој го тужи ресторанот заради дискриминација на неговата култура.

Готвач побара да му се одземат Мишелин ѕвездите за да има раат

Еден од најугледните француски готвачи чиј ресторан ги има максималните три Мишелин ѕвезди веќе 20 години, побара тие да му бидат одземени и веќе да не учествува во рангирањето. Човекот не сака да живее под притисокот да биде еден од апостолите на светската гастрономска библија.  

Aндерграунд супер-клуб каде музиката го одредува менито

Додека студирал музика, Филип Гелб имал јак ментор: големиот џез музичар Сем Риверс. Познат по импровизирањето, тој во едно њујоршко студио често знаел да собере музичари, за заедно да „џемуваат". Сега и Гелб го прави тоа, ама го комбинира искуството со храна, инспирирана од свирката.

Рене Реџепи ја затвора Нома

Највлијателниот готвач на светот застанал среде едно напуштено стовариште во близина на аутсајдерското дувло во Копенхаген и на новинарот на Њујорк Тајмс му рекол: Овде ми се работи.