За да се истакнат на денешната кулинарска сцена, голем број ресторани чувствуваат притисок да направат нешто различно. Но тоа не е случај со ресторанот Ботин во Мадрид. Најстариот ресторан на светот ги прави горе-доле истите нешта со генерации и ги подготвува на оган кој не е угасен цели три века.
Француски шеф по име Жан Ботен го отворил ова здание со својата сопруга во главниот град на Шпанија во 1725. Според Гинисовата книга на рекорди, тоа го прави најстариот ресторан на светот кој се уште е активен. Зградата каде што е лоциран е уште постара и датира од 1590.
Иако бизнисот останал верен на своите историски корени, тој сепак доживеал извесни промени. Жан Ботен и неговата жена немале деца, па по нивната смрт ресторанот го наследил неговиот внук. Во раниот 20 век тој преминал во рацете на семејството Гонзалес, чии членови го воделе со генерации. Денес е најпознат по старовремското печење на прасе-цицалче, но тоа не било секогаш на менито. Ботен не служел месо или вино на почетоците, бидејќи за тогашните анови било вообичаено да подготвуваат состојки кои самите гости ги носеле со себе (а тие ретко имале пари за месо).
Ако решите да резервирате, тоа може да го сторите тука.