Ресторанот VIP во родниот град на Меси, Росарио, од минатиот петок нуди бесплатен топол оброк и пијалаци за сите бездомници и социјални случаеви кои се најпогодени од економската криза во земјата.
Во последните неколку години, ситуациајта во аргентинската економија е катастрофална, а според податоците на Националниот Институт за статистики и цензуси, секое трето дете во Аргентина денес живее во тешка сиромаштија, а 34,6% од возрасните од 30 до 64 години живеат на границата на сиромаштија и беда.
„Подготвивме и кафе, безалкохолни пијалаци и малку овошно вино. Дојдоа многу посетители кои беа многу почестени и благодарни“, рекла менаџерката на ресторанот Ариел Алмада.
Акцијата трае 15 дена: секоја вечер од 19:00 до 21:00.
Инако семејството на Меси владее со овој ресторан VIP во Росарио од 2009 година, а според официјалните документи, главен сопственик е Хорхе Меси, таткото на Лионел. Во ресторанот има аргентинска и европска кујна.
Во 2016 година Меси отворил и втор ресторан - Bellavista del Jardin del Norte во Барселона, а бизнисот со овој ресторан го води неговиот постар брат Родриго.