Јапонските ресторани се познати по својата ригидна прецизност, а доколку и се случи некоја грешка тогаш сопствениците прават сè за да им се извинат на муштериите и да им ја надоместат штетата.
Но овој е поинаков. Се вика „Ресторан на згрешени нарачки“ и во него служат луѓе кои се дијагностицирани со деменција. Ова практично значи дека од моментот на нарачката па до нејзиното служење тие можат да заборават на која маса требало да го однесат раменот, а на кој десертот.
И ова е јасно назначено на сајтот на ресторанот каде се вели: „Сите наши келнери живеат со деменција. Тие можеби ќе ви ја испорачаат вашата нарачка како што треба, а можеби и не. Но имајте предвид дека дури и да добиете нешто што не сте го нарачале, сè на нашето мени е вкусно и специјално. За ова ви гарантираме“.
Концептот ја отсликува реалноста на јапонското општество на 21 век: Јапонија има население висок процент на старо население, што значи дека и случаите на Алцхајмер или други видови деменција се доста чести. Цели градови веќе ги организираат своите услуги врз основа на овој факт.
„37% од нарачките беа згрешени, но 99% од нашите муштерии рекоа дека се среќни“ - гласи досегашниот биланс на ресторанот на згрешени нарачки, но на исправни идеи за интеграција на овие луѓе во секојдневниот живот.