Задачата ја добива холандската компанија Екори која неколку месеци го истражува влијанието на пиратеријата, по што во мај 2015 до ЕУ доставува извештај од 304 страници.
Во извештајот се објавува:
"Генерално, резултатите не покажуваат робусни статистички докази за нарушување на продажбата заради онлајн прекршувањето на авторските права. Ова не мора да значи дека пиратеријата нема влијание туку дека статистичката анализа не докажа со доволна сигурност дека тоа има некаков ефект."
Напротив извештајот открива дека нелегалните даунлодирања и стримови можат да ја подобрат легалната продажба на видео игри. Единствената негативна поврзаност што се открива е кај големите блокбастери: "резултатите покажуваат поместување од 40% што значи дека за секои десет скорешни топ 10 филмови што биле гледани нелегално, легално се консумираат 4 филмови помалку."
Документот дури скоро излезе на виделина и тоа чисто благодарејќи на ЕУ парламентарката од германската Пиратска партија, Јулија Реда, која стигнала до него преку официјално барање до ЕУ за слобода на информации.
Од Европската организација за дигитални права обвинуваат дека целосната содржина на извештајот намерно е скриена. Како доказ наведуваат еден академски документ на двајца функционери на Комисијата, каде тие спомнуваат само делови од извештајот на Екори во кои пиратеријата се поврзува со падот на заработувачката блокбастерите.