Вести

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Фондот Situational Awareness на вундеркиндот Леополд Ашенбренер за помалку од три недели премина од годишна добивка од 439% во принудна ликвидација. Загубите од 45 милијарди долари се предупредување за секој инвеститор за ризиците од вложување во недокажаниот потенцијал на вештачката интелигенција без да се почитуваат основите на пазарот.

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Немуслиманските полицајци од англискиот регион Западен Мидлендс добија препорака да постат за време на Рамазан како чин на солидарност со муслиманите Целта на иницијативата е полицајците да го разберат значењето на верскиот празник, а во втор план е како ќе ги извршуваат обврските што се очекуваат од нив – да ги одржуваат редот и мирот.

Украина: Олигархиjа или демократија?

Протестите во Киев за поддршка на разрешениот министер за одбрана се само симптом на подлабока криза во државата. Војната ја наруши структурата на моќта, со последици за парламентот, судството и медиумите, па дури и за олигархиската хиерархија, како „четвртата власт“. Токму тоа сега претставува проблем за демократијата и слободата на изразување.

Речник

Каде што камерите од Flock снимаат луѓе, криминалот расте

Податоци од ФБИ потврдуваат дека не се без основа протестите на Американците, кои уриваат или ги покриваат системите за автоматски читање на регистерски таблички, кои воедно вршат масовен надзор врз граѓаните. Иако се поставени за „значително подобрување на јавната безбедност“ стапката на криминал во надгледуваните региони всушност се зголемила.

Одамна потонати бродови се важен рудник за науката

Бродовите што потонале пред 1945 година се редок извор на метал што не е контаминиран од атомските експлозии. Нивниот челик не остава сопствени траги во експериментите со радијација и затоа се користат како изолација и материјал за инструменти за денешните најчувствителни лаборатории за мерење на зрачење во бункери под карпи од 2 километри.

Европа мобилизира кози против пожари

Шумските пожари во Шпанија и Франција полека стивнаа. Вонредната состојба официјално е укината, но службите остануваат внимателни бидејќи топлотниот бран може да ги разгори жариштата. За да се спречат огнени катастрофи во иднина, се бара поддршка за одгледувањето кози, кои по природен пат го расчистуваат запаливиот терен од суви грмушки.

Австралиското вино старее како бензин

Исус од водата правеше вино. Австралија го има стотици милиони литри отповеќе, па сака од виното да прави гориво за коли и авиони. Технологијата го овозможува тоа, бидејќи виното е веќе е етанол и може да се користи како биогориво во мешавина со бензин. Но, процесот на дестилација е скап, па без владини субвенции преточувањето не би им се исплатило на лозарите.

Западот е сето она што ви рекоа дека е Кина

Западот станува авторитарен, користејќи ги истите алатки за кои некогаш тврдеше дека се ексклузивен домен на неговите непријатели. Се разбира, ништо од ова не е случајност. Тоа е логичен потег на империја која со децении проектираше насилство надвор, додека ја одржуваше фикцијата за својата невиност дома. Западот не е спротивност на авторитарните режими што ги осудува. Западот е сè што ви кажуваше дека се овие „режими“.

Америка не може вечно да го бомбардира Иран

Трамп е принуден да го одржува кревкото примирје со Иран затоа што неговите сили потрошија половина од ракетите веќе во првите 39 дена од војната. За да ги надомести ќе поминат години. Затоа може да се покаже дека најважната последица од војната во Иран не се мери со она што е уништено, туку според тоа колку оружје им останало на САД во арсеналот

Денес има 65 војни, најмногу по Втората светска војна

Никогаш досега по Втората светска војна немало толку многу војни и жртви на оружени конфликти. Особено загрижува бројот на директни судири помеѓу земји – дури осум, што е рекорд во изминатите 80 години и двојно повеќе отколку претходната година. Како тргнало, со војната на САД и Израел против Иран, оваа година може да биде уште полоша.

Кина отвори подводен дата-центар за ВИ

Додека големите компании од Силиконската долина бараат локации, струја и вода за своите огромни погони за ВИ, Кина веќе го отвори подводен центар за податоци, целосно под вода, природно разладуван од морето и напојуван со струја од ветерници над површината. Изградбата е поскапа, но таквиот систем долгорочно заштедува една четвртина од струјата.

Стармер забранува голотија на телефони на деца

Премиерот Кир Стармер, кој за амбасадор во САД назначи човек вплеткан во мрежата на Џефри Епстин за сексуално злоставување, сега се обидува да се наметне како пуритански заштитник на децата во Британија. Од големите компании бара да ја исклучат можноста деца да гледаат голотија на своите телефони. Плус ќе забрани пристап на помлади од 16 години до социјалните мрежи.

Трамп и Сандерс во нешто се согласија, сакаат парче од колачот на ВИ

Иако се идеолошки спротивни до крајност, Доналд Трамп и сенаторот Берни Сандерс имаат идентично барање до технолошките гиганти што развиваат ВИ да ѝ отстапат на владата дел од своите акции. Им се разликуваат само мотивите и и процентите. Сандерс бара државен суверен фонд за да може граѓаните да ја контролираат технологијата, а Трамп за да ги збогати.

Колку поробусен „сејф сити“, толку помалку фајде од него

Локалните власти во Оукленд го начичкале градот со стотици камери што читаат регистерски таблички, во обид да ја зајакнат безбедноста и да ловат возила на криминалци. За една година, системот бил задушен со над 600 милиони снимки и над милион пријави за потенцијални кривични дела. Преоптоварената полиција едноставно ги игнорирала.

Нов протокол за контакт со вонземјани: Ако се јават, не им одговарајте!

Научниците што со децении со телескопи ја скенираат вселената со надеж дека ќе откријат сигнал испратен од вонземна цивилизација, добија ново упатство: Ако регистрираат сигнал, никако да не одговараат. Според новите протоколи, треба да следат долга бирократска процедура на проверки,  а дури потоа светот преку ОН ќе дебатира каков да биде единствениот одговор на човештвото.

10.000 чекори на ден е мит

Нова студија во која учествувале и истражувачи од Харвард го доведува во прашање широко прифатениот стандард од 10.000 чекори дневно, при што експертите заклучуваат дека „нема „подобар“ или „најдобар“ модел“ за постигнување здравствени придобивки преку одење. Четири илјади чекори, не мора секој ден, таман.  

Соборените бронзени херои се враќаат низ САД

Споменици и статуи на личности важни за историјата на Америка настрадаа во бранот протести против полициското насилство и расизмот по убиството на Џорџ Флојд во 2020 година. Спроти прославата на 250-годишнината на САД, бронзените генерали на Конфедерацијата, „татковците на нацијата“ и европските истражувачи почнаа да се враќаат на градските плоштади.

Черчил изгуби од делфин

Банката на Англија ја брани својата одлука да прикаже див животински свет на следната серија банкноти, потег со кој ќе се заменат историските личности кои се наоѓаат на сегашните банкноти. Заминуваат Черчил, Алан Туринг и Џејн Остин, доаѓаат делфини, лисици и бумбари. Овие првиве да ти биле биле елитисти. Денешниов Запад сè ќе направи за глупите и медиокритетите да не се чувствуваат навредено.

На Австралија црно ѝ било пушено

Кутија цигари во Австралија е околу 40 долари. Владата со години беше убедена дека со жестоки акцизи неповратно ќе го уништи пушењето. Дел од луѓето сигурно ќе се откажат заради цената но дел ќе побараат чаре. А тоа се вика црн пазар. 80% од она што сега се пуши во Австралија е купено на црно. На тој начин, здравјето на нацијата, во чие име се спроведуваше таквата политика, сега е во рацете на криминалците кои управуваат со тој пазар.  

Европа труби: Војна! Војна! Војна!

Западните елити со години го плашат народот дека ќе има војна со Русија до 2030 или некоја друга година. Ниту еден министер за одбрана, началник на Генералштаб, директор на разузнавање, ниту еден шеф на влада во изминатите четири години не кажал: „Ќе има мир!“. И никој не вели дека има конкретни закани од Русија, туку со елегантна реторика манипулира со претпоставки.

Њујорк брише мајка и татко, воведува „родител кој раѓа“ и „родител кој не раѓа“

Демократските власти во Њујорк ги бришат термините „мајка“ и „татко“ во официјалните документи во сојузната држава и ги заменуваат со идеолошки прочистените изрази „родител што раѓа“ и „родител што не раѓа“. „Татковство“ станува родово неутрално „родителство“, а биолошките татковци што не презеле родителска одговорност стануваат „наводни родители“.

Израел тајно го напаѓал Иран и од Азербејџан

Елитни израелски специјални сили, спасувачки трупи и оперативци на Мосад дејствувале од локации во Азербејџан близу северната граница на Иран заради собирање разузнавачки информации, рано откривање на лансирања ракети, операции со беспилотни летала и спасувачки мисии. Израелски бази тајно биле поставени и во Ирак, Емиратите и во Сомалија.

Антропик: Запрете ја ВИ пред да мутира како вирус

Вештачката интелигенција се приближува до критично ниво во кое може самата да се надградува без контрола од луѓето. Ова не е апокалиптично предупредување од некој скептик, туку од Антропик, водечката компанија за развој на ВИ. Ја повикува целата индустрија да го запре развојот пред да се изгради заштитен бедем од неконтролирано мутирање.

Нова главоболка за Путин - Чеченија

Путин е на многу маки. Украински дронови напаѓаат се подлабоко на руска територија, економијата е под притисок од долгогодишни санкции, но во позадина се појавува нов проблем - во регионот што во 1999 година му помогна да дојде на власт во Кремљ. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е сериозно болен и борбата кој ќе го наследи може да ѝ отвори нов фронт на Русија.

Колеџи во САД ја преминаа границата од 100.000 долари за школарина

Со цените најавени за академската 2026-27 година, некои од најскапите американски колеџи ќе ја преминат границата од шестцифрена сума за школарина, сместување, храна и задолжителни такси. Кога ќе се додадат разни трошоци како што се книги и превоз, фиксните цени за студирање на најмалку 16 факултети веќе ја надминаа границата од 100.000 долари.

Прва вакцина создадена од вештачка интелигенција

Истражувачи од Кембриџ ја претставија првата вакцина целосно дизајнирана од вештачка интелигенција, за заштита од сите видови коронавируси, вклучувајќи ги варијантите на ковид. Тестирана е на луѓе и покажала скромни ефекти, но без несакани појави. Тимот веќе користи ВИ за развој на универзална вакцина за сезонски грип, за птичји грип и за ебола.

Рибите се за во вода, птиците за на небо, децата за во кал

Во Финска сакале да тестираат што се случува со здравјето на децата ако бетонот, павер елементите и пластиката во нивните градинки се заменат со вистинска природа? Ископале сегменти од шумска површина и ги преместиле во урбани градинки. Распослале трева, додале жардиниери каде што децата саделе и одгледувале растенија, донеле блокови тресет за качување и копање. Почекале па на децата им направиле тестови на крвта.

Што градат Џаред Кушнер и Иванка Трамп на албанскиот остров?

Кушнер на албанскиот остров Сазан сака да гради одморалиште од 1,4 милијарди долари во поранешна советска база на подморници. Договорот е посредуван на јахта на Ротшилд,  финансиран е од суверено богатство од Заливот и опкружен е со социјалната мрежа на Епстин. Со 10.000 соби и вили, Сазан би бил мал изолиран град во приватна сопственост.

Трамп очајно бара подобар договор со Иран од оној на Обама

Откако почна да губи во војната против Иран која ја почна преценувајќи ги сопствените сили, Доналд Трамп очајно се труди да изнајде „големо финале“ за да се извлече. Но, сите договори што ги предложил се послаби од оној што го постигна Барак Обама во 2015 година. Војната само му ја влоши позицијата – Иран сега е посилен, а Вашингтон со секој ден е се послаб.

Белиот Џорџ Флојд повторно ја вознемири Британија

Објавувањето на полициската снимка од убиството на 18-годишниот Хенри Новак пред шест месеци поттикна нови протести низ Саутемптон. Убиецот ја повикал полицијата и се претставил како „жртва на расистички напад“. Полицајците му ги врзале рацете на прободеното момче и не му помогнала иако на снимката девет пати се слуша како повикува „Не можам да дишам!“.