Во листата веќе нема некои од најозлогласените команданти, регрутери и финансиери на сирискиот огранок на Ал Каеда. Бришењето на џихадистичките регрутери од листата доаѓа како дел од отстранувањето на владата на сирискиот претседател Ахмад Ал-Шара од листата на држави спонзори на терористи.
Ал Шара е ребрендираниот Абу Мохамед Ал-Џолани, коосновач на ИСИС и основач на Џабат Ал-Нусра, сирискиот огранок на Ал Каеда.
Кога ја презеде власта, Ал-Шара веќе беше доверлив локален сириски подизведувач за САД и НАТО. Трамп го угости и го намириса во Овалната соба во ноември 2025 година, два месеца подоцна му кажаа што треба да прави со Иран.
Меѓу лицата кои Америка веќе не ги смета за терористи се и Абу Сулејман ал-Мухаџир, врвен регрутер на Ал Каеда во Австралија кој избегал во Сирија; Шафи Султан Мохамед ал-Аџми, главен кувајтски финансиер на Ал-Нусра и Абдул Самрез Јашари, Албанец кој имаше висока улога во сириската војска под команда на Ал-Шара.

Во 2015 година, Мухајсини беше снимен во камуфлажна униформа, како се прчи над група исцрпени сириски редовни војници со заврзани очи, заробени во воздухопловна база во покраината Идлиб. Неколку моменти подоцна, 56-те мажи беа изрешетани со куршуми. Грејзон пишуваше дека Мухајсини има регрутирано илјадници млади мажи како борци и бомбаши самоубијци, ветувајќи им небесни награди за жртвувањето на нивните животи.
Имаше време и за телевизиски проповеди во кои даваше совети кога и како е соодветно да се тепаат своите жени.