Вести

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку им на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Речник

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Медиумите блиски до Вучиќ во предизборната кампања беа најгласни во печатените изданија и на телевизија, но ја изгубија битката бидејќи другата страна ја концентрираше својата активност таму каде што навистина е насочено вниманието на гласачите. Помладите гласачи, кои се и поактивни во дигиталната сфера, до информациите доаѓаа од социјалните платформи.

Јастребите ги соборија републиканците

По катастрофалниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, јастребите околу Доналд Трамп се стремат да го прикријат очигледното: претседателот и неговата партија го прекршија своето ветување за мир, започнаа лошо замислена војна со Иран и со тоа уште повеќе ја влошија кризата за која беа избрани да ја решат.

Сончева бура го изместила ГПС за 10 метри

Масивните сончеви ерупции од крајот на минатата година го нарушиле сателитскиот систем за глобално позиционирање, кој почнал да промашува прецизна локација за неколку метри. Тоа можеби се чини како мало отстапување, но може да направи големи бељи кај автономните возила и земјоделските машини кои користат сателитска навигација. 

Светот речиси ја потроши нафтата за итни случаи

Шест месеци по почетокот на војната во Иран и блокадата на Ормускиот теснец, стратешките резерви на нафта за итни случаи низ светот се речиси потрошени. Ослободувањето ја одигра својата улога – да спречи скок на цената на барелот, но нафтата ќе мора да се врати, и тоа со камата. Единствените резерви што растат се оние на Иран, кој го запре извозот поради војната.

Кој сака (да чека) да стане милионер

Има луѓе што фрлаат хард диск со илјадници биткоини на депонија и потоа молат да копаат по неа како археолози на сопствената глупавост. Има луѓе што си ja заборавиле лозинката и сега имаат само уште две утки пред богатството да им исчезне како Кајзер Созе. Ама, го има и Крис. Човек ќе се израдува и да си најде стотка во џеб од старо капутче, не па преку ноќ да стане милионер откако 12 години немал пристап до своите биткоини.

Една година лажни ​​„војни против теророт“ на Трамп

Дваесет и пет години по 11 септември, Белата куќа сè уште го злоупотребува овластувањето за воена сила што го доби за да се пресмета со џихадистите што реално ги загрозуваа САД. Трамп го користи за да бомбардира бродови во Карибите за кои Пентагон нема ни докази дека се на нарко-банди. Единствено Конгресот има моќ да го укине застареното овластување од 2001 година. 

Трамп ја врати Русија во Г20

САД сосема неочекувано го поканија рускиот министер за финансии на министерскиот состанок на групата 20 најразвиени земји во Северна Каролина. Европејците беа очигледно изненадени. Ова е прво учество на Русија на Г20 по инвазијата врз Украина во 2022 година. САД, сепак, нема да обезбеди економска помош за Русија сè додека не заврши војната во Украина.

Заспаната Европа месечари кон егзистенцијална криза

Оваа недела беше покрената голема нова иницијатива за спасување на Европа од економска пропаст. Се нарекува Рајнска група - и можеби е најзначајниот предизвик за статус квото на ЕУ после Брегзит. Мисија им е да ја разбудат Европа зашто се убедени дека во спротивно, нема да ја биде. Но, тешко да разбудиш некого кој се преправа дека спие.  

На британските ученици не им се кажува вистината за Империјата

Историјата не е поларизирачка тема само на Балканот. И во една бивша империјална сила како што е Велика Британија, нејзината историја се предава како упростена приказна. Како што Бугарите си се лажат: дојде Тито и ги измисли Македонците. Или како што ние си се лажеме за некои епизоди од нашата историја. Но, ако учениците не можат да се справат со противречностите од минатото, како ќе се справат со противречностите од сегашноста?  

Ќе го замениме ли денот за ноќ поради топлото?

Александар Пушкин го опишуваше распуштениот живот на младиот Онегин во Санкт Петербург, човек кој речиси го заменил денот со ноќ а ноќта со ден. Ноќта била резервирана за балови, театри и задоволства, а денот бил време за спиење. Два века подоцна, можеби и ние ќе треба така, не поради луксузот на ноќниот живот, туку поради луксузот од неколку степени помалку.

Америка го депортираше човекот кој навиваше за депортации

Американските внатрешни работи соопштија дека Мајло Јанопулос е депортиран во Велика Британија, еден ден откако на аеродромот во Њу Орлеанс беше упасен од службите за спроведување на имигрантските политики (ICE). Десничарскиот провокатор со години апелираше САД да депортираат милиони илегалци од земјата. И види сега.

Кутар Мајкл Џексон, умрел со залепена перика и катетер

Седумнаесет години откако прерано почина на 50 годишна возраст, Мајкл Џексон останува неприкосновен крал на поп музиката, но дополнително објавени и анализирани детали од неговата обдукција откриваат дека тоа не бил баш во секој поглед живот со кој би се менувал некој на негова возраст. Вчера (29-ти август) ќе полнеше 68 години.

Трамп ѝ ја зема нафтата на Венецуела

Пред есенските избори, Доналд Трамп е под сè поголем притисок поради неуспехот да го скрши Техеран и да го отвори Ормускиот теснец поради што цените на бензинот во САД станаа сериозен проблем. Пробаа со трошење на резервите но и тие почнаа да се тенчат, па на Трамп му текна дека во комшии има еден, веќе скршен „сојузник.“

Русија не сака војна со Европа

Москва нема за цел да ја тестира отпорноста на НАТО, туку да ѝ наметне трошоци на Европа, онака како што оваа прокси војна во Украина ја чини неа. Многумина во Европа гледаат на дијалогот со Москва како награда. Но, ниту Европа ниту Русија не можат да си дозволат повеќе војна во моментов.

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Јадеме еден те ист зеленчук

Тоа не само што не досадно туку и е проблем, како за луѓето и нивната исхрана, така и за шареноликоста односно биодиверзитетот на растенијата што се јадат. Масовното земјоделско производство форсира многу мал број култури додека други се соочуваат со исчезнување. Јадеме пет, шест, седум зеленчуци, додека во светот постојат речиси 1.500. 

Што ако демократијата беше само минлива историска епизода?

Денес се зборува за демократијата на речиси ист начин како што средновековните теолози зборувале за природниот поредок на светот. Како отсекогаш да постоела и како да ќе постои засекогаш. Но, што Фукујама предвреме прогласи фајронт на историјата? Што ако либералната демократија е беше политички одговор на свет кој веќе не постои? 

Британско упатство за мигранти: Не силувајте жени

После серија брутални силувања и сексуални напади извршени од страна на баратели на азил, британското министерство за внатрешни работи процени дека е корисно на тие луѓе да им се испечати упатство за однесување во кое се наведува дека жени не треба да се силуваат, да им се ш'цка и да им се праќаат кисчиња. Овие сега ќе седнат, ќе ги прочитаат тие упатства и островот повторно ќе живее мирен и спокоен живот.  

Грција станува израелски сателит

„Трансформацијата на Грција во израелски сателит се одвива со вртоглава брзина. Ова е лош знак за повеќето Грци, за мирот во нашиот регион и за Европа и Западна Азија пошироко. Мора да се спротивставиме на тоа“, напиша Јанис Варуфакис. Освен мирот и безбедноста, Грците ги секира и тоа што кириите се качуваат затоа што Израелци масовно купуваат имот во нивната земја.

Кварцањето е опасно како азбест, арсен и чад од цигари

Исончан, потемен тен кој често се перцепира како знак на здравје и привлечност а солариумот долго време се третираше како брз, контролиран и практичен начин да се стигне до тоа, или пак да се подготви кожата за летото. Но, потемниот тен е само знак дека кожата веќе претрпела отшетување. На тој начин кожата се брани и ништо друго. 

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.