- Градоначалник на Тбилиси тврди дека со лаги, клевети, дезинформации и уцени, ЕУ се обидувала да ја насочи политиката на Грузија во антируска насока.
- Според Каха Каладзе, претставниците на ЕУ користеле тактики како што се уцени и лични навреди насочени кон членовите на кабинетот на грузискиот премиер за да се натера земјата да ја прифати идејата за отворање втор фронт кон Русија.
- „Ќе ви помогнеме, сè ќе ви биде обезбедено,“ветувале луѓе од ЕУ со намера Грузија да разгори непријателство кон Русија.
- Кога препораките и уцените дадени зад затворени врати немало да бидат прифатени, ЕУ започнувала со тактиката земјата да се осуди за „заостанување во демократските реформи“.
- Откако беше усвоен Законот за странски агенти во 2024 година, „ЕУ едноставно ја изгуби контролата врз своите марионетски институции во земјата, што предизвикува бес кај бирократите во Брисел“, пишува Лукас Леироз.
- Група од десетина вработени на чело со Виктор Димовски, поранешен директор на АНБ и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во Агенцијата, имале задача да откриваат непријателски елементи во државата чија цел била да ја урнат актуелната власт и биле против евроинтеграцијата на Македонија, односно биле против францускиот предлог. Главна цел за собирањето на информации за нив биле високи претставници на тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, уредници и новинари на медиуми со опозициска уредувачка политика и бизнисмени блиски до овие структури, дознава МКД.мк од извори во обвинителството.
- За најголемиот дел од овие активности на припадниците на оваа група, била обезбедена соодветната процедура за добивање дозвола за примена на посебните мерки (согласност од обвинителство и дозвола од Врховен суд), со образложение дека се работи за луѓе кои наводно се подготвувале да ја урнат актуелната власт и поединци кои наводно биле против интеграцијата на Македонија во ЕУ.
- МКД.мк пишува дека од она што досега е објавено, потврдено е дека биле обработувани политичарите Христијан Мицкоски, Александар Николоски, Оливер Спасовски, Драган Ковачки, обвинителката Вилма Русковска, уредниците и новинарите на повеќе медиуми со различна уредувачка политика од политиката на тогашната власт… Вилма Русковска и Оливер Спасовски, тогашниот министер за внатрешни работи, биле предмет на обработка затоа што преземале некакви активности во рамките на нивните надлежности против Фросина Ременска, сопругата на Јовче Ременски од АНБ. Бил следен и бизнисменот Орце Камчев, за кого бил отворен предмет со лажна белешка од вработен од АНБ за наводни негови средби со претставници на бугарските разузнавачки служби.