
„Министерството за здравство ги мобилизира болниците за војна“, објавило списанието „Ле Канар еншане“, пренесува Јутарњи.
Статијата прецизира дека болниците во Франција добиле упатство од министерката Катрин Вотрен, да бидат подготвени да примат илјадници ранети војници во случај на голем вооружен конфликт во Европа.
„За секој случај.“
Јутарњи спомнува бројка од 50.000 ранети за кои треба да се создадат услови да бидат згрижени.
Министерството за здравство планира да основа медицински центри за прием на пациенти кои се враќаат од воени зони. Овие центри треба да бидат лоцирани во близина на автобуски или железнички станици, пристаништа или аеродроми.
Центрите мора да имаат капацитет да лекуваат просечно околу 100 воени лица дневно во текот на два месеца континуирано и до 250 пациенти дневно за време на тридневни „шпицови“.
Според проценките на министерството, цивилните медицински установи мора да бидат подготвени да примат помеѓу 100.000 и 500.000 воен персонал во период од „десет до 180 дена“.
Се напомнува дека Франција нема намера бесплатно да лекува странски пациенти па е потребно строго сметководство за да се обезбеди надомест на трошоците за помошта странските земји и сојузниците, во согласност со меѓународните договори.
Да повториме, тој стварно се мисли за Наполеон: