Европа зад сцената ја пролонгира војната во Украина

Високи претставници на Белата куќа се убедени дека некои европски лидери јавно ги поддржуваат напорите на претседателот Трамп да ја заврши војната во Украина, додека тивко и зад завесите се обидуваат да го поништат напредокот започнат на самитот во Алјаска, дознава „Аксиос“. Извори блиски до Трамп порачуваат дека некој може да сака војна, ама дека Америка нема да плаќа за тоа. 

Според истиот извор, американските претставници стануваат сè понетрпеливи кон европските лидери, за кои тврдат дека ја наговараат Украина да инсистира на „подобар договор“.

„Европејците немаат право затскриено да ја пролонгираат оваа војна создавајќи неразумни очекувања и концесии а воедно да очекуваат Америка да ги сноси трошоците“, изјавил за „Аксиос“ висок функционер на Белата куќа.

„Ако Европа сака да ја ескалира оваа војна, нивна работа. Но, од победа вртат накај пораз.“

Извори блиски до Трамп тврдат дека држави во Европа го притискаат Зеленски да опстане на максималистички барања, концепт кој и досега ја продолжуваше војната. Притоа, сакаат САД да ја платат сметката а тие воопшто да не се вклучат во играта.

„Некои од Европејците продолжуваат да живеат во бајки и го игнорираат фактот дека се потребни двајца за танго“.

Самиот Трамп знае да се фрустрира од комплицираната состојба која сака да ја разреши па последниот пат оцени:

„Сите се фолираат. Сè е тоа булшит.“ 

Тој навести и дека на крајот на краиштата, ако двете страни не се подготвени за мир, тој ќе дигне раце од тоа.

Масовните руски воздушни напади врз Киев, плус украинските напади врз руските рафинерии за нафта, сигнализираат дека во моментов, мирот не е баш на дофат на рака.

2 септември 2025 - 13:58