6.00 уби 600
1 септември 2025
- Во моментов се регистрирани 622 загинати и преку 1.500 повредени од земјотресот кој со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди источен Авганистан.
- Погодена е областа Кунар а епицентарот бил на 27 километри од градот Џалалабад кој е оддалечен 119 километри од главниот град Кабул.
-
Земјотресот тресел згради од Кабул до Исламабад во Пакистан.
- Авганистан е подложен на смртоносни земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча.