Германските десничари ненадејно губат кандидати пред избори

Четири кандидати на десничарската Алтернатива за Германија (AfD) починаа „ненадејно и неочекувано“ непосредно пред покраинските избори во најголемата германска покраина, Северна Рајна-Вестфалија. Имаат тие и резервна листа ама и од резервната листа им умираат луѓе. 

Ралф Ланге (66), Волфганг Зајц (59), Волфганг Клингер (71 или 72,) и Стефан Берендес (59) - починаа ненадејно и неочекувано во рок од две недели пред локалните избори закажани за 14 септември 2025 година.

Ова го потврдија повеќе извори, вклучувајќи гo и Велт кој пишува дека ова предизвикало логистички предизвици, како што се препечатување на гласачки ливчиња.

На социјалните мрежи куп шпекулации околу неочекуваната промена во кандидатските листи иако властите тврдат дека нема ништо сомнително при што во некои случаи се потврдени природни причини (срцев удар за Зајц, претходни здравствени проблеми на Ланге и Клингер).

„Ова статистички е речиси невозможно“, пишуваат поддржувачи на Афд во објави кои добиваат милионски прегледи.

Дополнително, починаа и двајца кандидати од резервната листа, Рене Херфорд и Патрик Тице, со што вкупниот број на смртни случаи на политичари од АфД за време на кампањата достигна шестмина.

За последните двајца како причини се пријавени откажување на бубрезите и самоубиство.

Од сите партии присутни во Бундестагот, АфД и нивни членови биле најнапаѓани минатата година; властите регистрирале 660 случаи кога нивни политичари или симпатизери биле предмет на насилство. 

Притоа, се толерираат и отворени повици да бидат напаѓани, или барем „да им се повраќа во лице.“

 

 

2 септември 2025 - 13:13