Како големата фармација закопа надежен лек

Слично како и ивермектинот, во битката за профит настрада и диметил-сулфоксидот, кој пред половина век беше прогласен за медицинско чудо поради способноста да ја смири хроничната болка и да помага при разни болести. Но, фармацевтските компании не можеле да го патентираат, па тргнаа во војна против евтиното средство што ги загрозува нивните скапи и профитабилни лекови.

Се користи како хемиски растворувач во производството на хартија, евтин е, труе на риба (или лук) и не е волшебен лек за сите болести. Но, испитувања докажале дека диметил-сулфоксидот помага за најразновидни здравствени проблеми. Може да ја смири хроничната болка и автоимуните напади, да го забрза заздравувањето и да лекува артритис, мозочни удари и повреди на 'рбетниот мозок. 

Пред половина век ДМСО предизвикал еуфорија. Го користеле милиони луѓе. Го барале врвни спортисти, лекари, научници и политичари. Дури и фармацевтски компании брзале да инвестираат, сè додека не бил запрен од американската Администрација за храна и лекови. ФДА во 1965 година забрани клинички испитувања, врз основа на извештај за токсичност врз очите кај лабораториски животни. Го прогласи ДМСО за опасен и го забрани за употреба кај луѓе.

Дури и денес, повеќето луѓе никогаш не слушнале за него, иако постојат повеќе од 10.000 научни студии за неговата биологија и повеќе од 30.000 за неговата хемија, со долг список на состојби во кои може да помогне. Тестиран бил кај најмалку 11 видови животни и ниту еднаш не се покажал како токсичен, освен ако не се користи во претерано високи дози. Не се акумулира во телото, поради што не може да создаде кумулативна токсичност. Поради способноста лесно да навлегува во телото и денес е одобрен како „носител“ за апликација на други лекови.

 

Кај милиони луѓе што своевремено го користеле не се забележани сериозни проблеми. Кај 50-80% од пациентите покажал лесни несакани ефекти при површинско користење – иритација на кожата, која се смирува по десетина минути. Кога се зема орално, предизвикува непријатен мирис од здивот и потта, кој може да се задржи од неколку часа па до неколку дена. Токму овие ефекти спречуваат споредбени тестирања на слепо, кога на група луѓе им се дава ДМСО, а на друга плацебо.

Посериозен несакан ефект е алергиска реакција, која била забележана кај еден на 1.000 или на 2.000 пациенти, во зависност од испитувањата.

За најсилен негативен ефект од ДМСО се смета тоа што е евтин и ги загрозил профитите на големите фармацевтски компании, кои не можеа да го патентираат. Дозволата за слободно користење можеше да го урне нивниот монопол врз лековите. Слично како и со лековите за ковид-19.

******
Види: Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин

3 јули 2025 - 14:41