
Таа теорија вели вели дека „магијата“ на квантно заплеткување можеби се случува во микротубулите, ситните протеински цевки што ја прават архитектурата на секој неврон во мозокот.
Мајк Вист, невронаучник на колеџот Велсли, смета дека тие цевки може да носат квантни информации што никогаш не мируваат.
Квантното заплетување е феномен во квантната физика каде што две или повеќе честички стануваат толку длабоко поврзани што состојбата на едната, моментално влијае на состојбата на другата, без разлика колку се оддалечени една од друга.
Кога честичките се заплеткани, нивните својства корелираат на таков начин што мерењето на состојбата на едната честичка, автоматски ја одредува состојбата на другата. Оваа чудна врска ја побива класичната логика и го нервираше Ајнштајн, кој ја отфрли како застрашувачка. Но, научниците безброј пати експериментално го потврдија заплеткувањето и тоа денес игра клучна улога во технологии како што се квантните компјутери и квантната криптографија.
Идејата датира од математичарот добитник на Нобелова награда, Роџер Пенроуз и анестезиологот Стјуарт Хамероф, кои тврдеа дека квантните настани во микротубулите создаваат свесни моменти побрзо отколку што можат да се активираат невроните. Нивниот модел тврди дека секој колапс на брановата функција предизвикува свест, а тие колапси може да се испреплетат со честички насекаде во вселената.
„Ако идејата звучи морничаво, сетете се на фотосинтезата. Квантната кохерентност им помага на пигментите во бактериите да го истражуваат секој пат од површината на листот до неговиот реакционен центар одеднаш, зголемувајќи ја ефикасноста над 95 проценти. И на свесните мозоци им е потребна брзина. Милијарди елементи што се активираат секоја секунда мора да се синхронизираат без прегревање, па затоа позајмувањето на истиот трик во микротубулите би можело да има смисла“, пишува Ерик Ралс во Earth.
Спомнатиот Мајк Вист смета дека идејата за свеста како квантен феномен нè внесува во нова ера во нашето разбирање за тоа кои сме и ќе го обликува начинот на кој размислуваме за широк спектар на прашања, на пример дали се свесни пациентите во кома или пак животните.