Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кројачите од ББЦ поднесоа оставки

10 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Генералниот директор Тим Дејви и главната уредничка Дебора Тарнес поднесоа оставки од ББЦ поради пристрасните известувања за војната во Газа, за теми за трансродови лица, промовирањето на воук агенда и поради монтирањето на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп.
  • Манипулациите со вестите и содржините ги откри поранешниот внатрешен ревизор Мајкл Прескот, кој го достави извештајот до пратениците и до јавноста преку весникот Дејли Телеграф.
  • Дејви, кој беше директор на ББЦ од 2020 година, изјави дека британската јавна корпорација „ги дефинирала златните стандарди на новинарството низ светот“, но призна дека правела и грешки. Уредничката Тарнес во својата оставка ги отфрли тврдењата дека „ББЦ Њуз била пристрасна“.
  • ББЦ се финансира од лиценца што ја плаќаат сите домаќинства во Британија. Критичарите бараат да се воведе нов модел за финансирање и истакнуваат дека ББЦ ги задушува либералните ставови. Впечатлив беше скандалот со најпопуларниот спортски коментатор Гари Линекер, кој беше суспендиран затоа што ја критикувал владината политика за имигрантите. Во знак на протест оставка поднесоа новинари од спортската редакција.
  • ББЦ повлече документарец за Газа откако беше откриено дека наратор бил син на министер на Хамас. Во документарец на емисијата Панорама емитуван лани, говорот на Трамп бил сечен, лепен и монтиран за да изгледа дека повикува на насилен упад врз Капитолот на 6 јануари 2021 година.

извор

Нетанјаху на чекор до паѓање: Противникот доби мандат за влада

8 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот на Израел, Исак Херцог, најави дека ќе му го довери мандатот за формирање нова коалициска влада на опозицискиот лидер Гади Ајзенкот.
  • Ни неговата (48 пратеници) ни партијата на Нетанјаху и неговите ултрадесничарски сојузници (53 пратеници) имаат доволно за влада но Херцог се решил на ваков потег откако лидерите на арапските партии најавиле дека поддршка би му дале на Ајзенкот.
  • Досега сите израелски влади биле коалициони. Сегашниот распоред на силите се должи на рекордната излезност на арапските гласачи кои обезбедија 19 пратенички места.
  • Ајзенкот е поранешен началник на армискиот Генералштаб и нема да му е лесно да создаде мнозинство со оглед на тоа што сите освен една еврејска партија, пред изборите се обврзаа дека нема да соработуваат со арапските коалиции за формирање влада. 
извор

Дома кај убиецот од Полска се најдени уште три тела

8 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Четири жени и двајца мажи се мртви, најмалку 16 лица ранети (петмина  странски државјани) а 12 од повредените се во критична или сериозна состојба. 
  • Тоа е моменталниот  биланс од вчерашното рандом пукање во Краков од автомобил во движење кое го извел Пољак од дваесетина и нешто години пред да биде совладан од полицијата.
  • Три дополнителни тела подоцна се најдени во куќата на осомничениот, се верува дека тоа се членови на неговото семејство, обелодени премиерот Доналд Туск.
  • Мотивот на крвавиот пир сè уште е непознат а првичните сознанија упатуваат дека убиецот имал „многу радикални ставови.“
  • Неговиот обид за бегство заврши со судар и размена на оган со полицајците. Еден од нив, и самиот ранет, го пука од блиску но во моментов не е јавено дека идиотот е мртов.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Животни
2

„Пред вратима спавала ко пас“ и слични хорори што турбо-фолкот ги претставува како љубов

3

Стручњакот на годината е од Гостивар

Кец у два
4

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Македонштина
5

Уште ова го немавме видено

Фудбал
6

Хрватот кој ги советуваше српските студенти поднесе оставка

7

Поздрав до Македонија од Атина

Навивачи
8

Ќе преживее ли медиумски оваа легенда?

Медиуми
1

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Животни
2

Хрватот кој ги советуваше српските студенти поднесе оставка

3

Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Животни
4

Претседателот на Парагвај од домашен притвор префрлен во воена база

5

Дома кај убиецот од Полска се најдени уште три тела

6

Сајбертракот на Тесла влегува во ќорсокак

7

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Свет
8

Илон Маск се кае што праќал Старлинк во Украина

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Разно

Чекајќи го Потегот

Македонштина

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Разно

Песни од Македонија - Домаќине (Ντομάκινε)

Балканштина

Печење ракија, трет ден

Медиуми

Ќе преживее ли медиумски оваа легенда?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Балкански адвертајзинг

И Холандија има Рамбо

Збирка @Trendolend

Маица за 2-ри мај

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy