Кенеди: Властите скриле студија за вакцините и аутизмот

За 1.135% бил поголем ризикот за аутизам кај бебињата во САД вакцинирани против хепатитис во споредба со оние што не биле вакцинирани, покажало истражување на Центрите за контрола и превенција на болести. На здравствените власти не им одговарале резултатите од сопствената студија, па манипулирале со податоци за да ја прикријат вистината, тврди министерот за здравство на САД.

Министерот Роберт Ф. Кенеди Џуниор изјави дека ЦДЦ уште во 1999 година спровеле истражување во кое биле споредени бебиња што биле вакцинирани против хепатитис Б во првите 30 дена по раѓањето со оние што ја примиле дозата подоцна или воопшто не биле вакцинирани. Кај вакцинираните, ризикот од аутизам бил повисок за 1.135%.

Шокирани од резултатите, Центрите манипулирале со податоците на разни начини за да ја прикријат врската помеѓу вакцините и аутизмот, изјави Кенеди во интервју за подкастот на Такер Карлсон.

Како пример, тој истакна дека од анализите биле отстранети резултатите за повозрасните деца и се оперирало само со податоците за помалите, кои биле премлади за да може да биде дијагностициран аутизам.

Министерот го повтори обвинувањето до докторот Ентони Фаучи дека всушност „ја создал“ пандемијата на ковид-19 и дека токму затоа бил помилуван од претседателот Џо Бајден во последниот ден од мандатот. Кенеди истакна дека токму Фаучи ги финансирал испитувањата со смртоносни вируси во лабораториите во Вухан во Кина, од каде што најверојатно протекол коронавирусот.

Кенеди ја повика администрацијата да воспостави специјални владина комисија, слични на оние што беа воведени во Јужна Африка по апартхејдот, за да се утврди вистината за штетите предизвикани од вакцинирањето, да се обезбеди овозможи гонење на одговорните функционери.

1 јули 2025 - 09:13