
Њујорк пост открива дека во последната пријава за имот на конгресменката од Минесота, Илхан Омар се наведуваат триесет милиони долари.
Документите обелоденуваат дека таа и нејзиниот сопруг Тим Минет, лани забележале зголемување на она што го имаат од приближно 3.500 проценти во споредба со претходната година.
Голем дел од финансиските добивки доаѓаат од бизниси што Минет ги поседува, винарија со седиште во Калифорнија и инвестициска компанија во Вашингтон.
Винаријата која во 2023 година вредела меѓу 15.000 до 50.000 долари, за само една година достигнала вредност помеѓу 1 милион и 5 милиони долари.
Слично на тоа, втората компанија поседувала само 1.000 долари за набргу да ѝ тргне па да вреди меѓу 5 и 25 милиони долари.
На почетокот на оваа година, Омар тврдеше дека сè уште го отплаќа студентскиот кредит.