Британските менија добиваат берзантски цени

На британската ресторантска сцена се најавува нешто што веќе познато од концертите. Цената да се одредува динамички,  во зависност од побарувачката. Ако ви е јаде кога на сите им се јаде, ќе платите поскапо. За поевтино, ќе дојдете во бош време. Тамошните угостители признаваат дека најголем проблем сепак им се оние кои ќе фатат маса за цело време да прават фотки за Инстаграм. 

„Динамичното одредување на цените“ доаѓа во британските ресторани, најави Џереми Кинг, реномираниот угостител кој, меѓу другите, ги држеше легендарните Le Caprice, The Ivy и The Wolseley.

Признава дека звучи непријатно идејата кременадла да е поскапа во сабота отколку во понеделник но вели дека е фер рестораните да ги приоретизираат гостите трошаџии повеќе од оние кои се дојдени за „апсолутен минимум“ и цело прават фотки за социјални медиуми. 

Динамичките цени веќе подолго време за користат за концерти и театарски претстави, каде цената се менува според побарувачката. Последен таков пример беше јагмата по билети за повторното обединување на Оезис чија цена отиде до небо. 

71 годишниот Кинг вели дека ги разбира оние ресторани кои во саботните гужви држат маси во резерва за оние кои се спремни да потрошат 200 фунти.

Самиот тој понуди попуст од 25 проценти во два свои ресторана за оние кои ќе дојдат после 21 часот за да ја потсети публиката на убавините на доцното вечерање. 

3 јули 2025 - 15:07