Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

60 посто од сите возрасни во Парагвај останаа без пари

5 November 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Над три милиони луѓе (60% од возрасната популација на земјата) останаа без опна што го имаат во банка, откако поради несолвентност, преку ноќ затвори банката Уено.
  • Банкарски сметки, плати, пензии... замрзнати и недостапни а луѓе излегоа на улици за да протестираат.
  • Осум директори на банката, вклучително и основачот и претседателот на банката се притворени а првиот човек на парагвајската централна банка, Карлос Каваљо, длабоко поврзан со Уено, поднесе оставка.
  • Уено сега е под шепа на централната банка а Сенатот на Парагвај предложи клиентите на банката „Уено“ да добијат аванс во висина до 40 минимални плати. Според постојниот закон, оштетени банкарски клиенти се обештетуваат со 75 минимални плати.
  • Уено беше ставена под принудна управа откако солвентноста, од минимумот од 12% падна на 5,6%.

извор

За нападите врз македонските деца во Тетово можат кривично да одговараат директори на школи, педагози и психолози

5 November 2026
  • Share
  • Post
  • Тетовските улици не се безбедни за децата Македонци последниве недели, тие се напаѓани од врсници до 14 години кои не подлежат на кривична одговорност, а нападите и малтретирањата притоа се снимаат и се објавуваат на ТикТок, на групите „Каурски пички“, „Балисти“ и други, пишува СДК.
  • Родителите на тепаните деца се револтирани, велат дека нападите се брутални и оставаат последици, па затоа ако треба да излезат некаде, тие ги придружуваат. Велат бандите им се втуруваат пешки на нивните деца, односно со трчање, или на електрични тротинети. Обично фаќаат едно, другите ги оставаат да избегаат. Тепаат-снимаат-бегаат. Тоа се случува претежно дење во период на настава, односно на голем одмор, но и попладне.

  • Најчесто машки деца на 13-14-годишна возраст напаѓаат година-две помали соученици или деца од некое друго школо, но родители сведочат дека пресретнато било и девојче, кое од напаѓачите било натерано да каже: „Јас сум балистка“.

  • „По нападот го смирувавме дома детево, тоа беше многу вознемирено. Уште е и тоа го покажува ноќе, кога спие. Седевме дома и му се јави другар: ‘Еј брат, те има на Антикаури, на ТикТок’. Во деновите што следеа го викнаа син ми на препознавање и тој ги препозна тепачите и снимателот. Беа ученици-Албанци од неговото училиште. Од исто место храна си купуваат, се знае кои се, а од полиција ни рекоа не можеле ИП-адресите да им ги најдат“, сведочи родителка.

извор

Како Иранците ја засакаа атомската бомба

5 November 2026
  • Share
  • Post
  • Свештеници и политичари низ Иран ги засилија повиците до властите во Техеран да се откажат од официјалниот став дека нема да развиваат нуклеарно оружје, пишува Њујорк тајмс, наведувајќи примери од проповеди и изјави на функционери.
  • Мохсен Резаи, задолжен за национална безбедност, изјави дека лидерите во Техеран почнале дискусии, но не донеле одлука дали да ја задржат предвоената нуклеарна доктрина ако САД или Израел ги обноват нападите врз Иран.
  • „Повлекувањето од Договорот за неширење на нуклеарното оружје порано беше став на малцинството во иранското раководство. Сега станува став на мнозинството“, вели Мохамад Гадери, експерт за надворешни работи од Техеран.
  • Иран тврди дека развива нуклеарна програма за цивилни цели. Покојниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, издаде верски декрет со кој се забранува развојот и употребата на нуклеарно оружје. Фатвата е обврзувачка за сите државни институции, вклучувајќи ги војската и Корпусот на исламската револуционерна гарда. Тој пристап не ги спречи двете војни што Израел и САД ги почнаа против Иран – Дванаесетдневната од лани и операцијата „Епски бес“, во која загина и самиот Хамнеи.
  • „Тој создаде ситуација во која Иранците платија висока цена за бомба што всушност ја немаа. Сега постои чувство дека ако не го поседувате ова најстрашно оружје, во секој момент би можеле да се најдете на милост и немилост не само на САД, туку и на Израел“, објаснува аналитичарот Мохамад Али Шабани. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонски колбас со ајвар

Разно
2

На Шиц по четири седишта му чуваат за Вардар, и Червар му крева рака

Навивачи
3

Јапонија бара резервен главен град

Свет
4

Бојан Трифуновски им го кажа

Разно
5

Се очекува стампедо

Балканштина
6

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
7

Како се однесува Богојески кога не е под надзор

Македонски рулет
8

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми
1

Јапонија бара резервен главен град

Свет
2

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
3

Нетанјаху може да почне да се пакува

4

Германија толерира 200.000 нелегални мигранти

Свет
5

Иран: Американците рекоа НЕ за војната

6

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Балкан
7

Ерменија брза кон ЕУ

8

Пропаѓа договорот на Трамп за руски дизел?

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми

Еуфемизам на денот

Балканштина

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Каков човек е Даниел Кајмакоски?

БЦ да ви каже нешто

Медицински деветини

За новинарството од кое новинар го фаќа срам

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy