Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Трамповите нинџи и нивните рибарски жртви

Во тајна мисија авторизирана од Доналд Трамп, група специјалци требало незабележано да внесат уред кој би ги пресретнувал комунициите на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун. Mисијата пропаднала но вистински жртви се невини рибари кои завршиле на дното на морето со пробушени бели дробови.  

ВИ прелистувач може да ви ја исцица банкарската сметка

Вештачката интелигенција веќе се интегрира во интернет прелистувачи и допрва се откриваат можните непријатности. Со таков прелистувач можете најнаивно да отидете на Фесјбук за да читнете нешто а таму да има скриена инструкција која вие не ја гледате (бел текст на бела позадина), да ви се испразни сметката од банка.

Масовен отповик на вештачки колкови

2.000 луѓе во Велика Британија се повикани на итна проверка откако се откри дека некои метални импланти за колкови, направени од кобалт-хром, може да испуштаат отрови во телото.  Симптомите се од болки и оток до проблеми со срцето и нервите. Како да си „Терминатор“ од Тему. 

Европа врти десно

Не е првпат тоа да се случува но денес тоа е предизвик во трите најмоќни држави на континентот. Тоа не значи дека десничарите и популистите и ќе дојдат на власт бидејќи во сите три земји постојат уиграни механизми со кои тие биваат оневозможени да го крунисаат успехот. Но, до кога? Трендот е јасен а го храни миграцијата и самоубиствените зелени политики.

Кој те гледа додека гледаш?

Хакирањето заради уценување со голи фотографии е една од највознемирувачките форми на сајбер криминал. Нови алатки сега го претвораат тој релативно рачен криминал во автоматизирана функција, откривајќи кога корисникот пребарува порнографија на својот компјутер, снима што тој гледа и попат го снима и него преку неговата веб-камерата.

Од скролање на шоља се добиваат хемороиди

Иако не се посебно опасни, страдалниците знаат дека хемороидите знаат да бидат “pain in the ass“. Возраст, бременост, дебелина, исхрана сиромашна со диетални влакна... се ризични фактори за потечени хемороиди на кои сега им се придружува уште еден позадински непријател. Ако сте од оние кои ни на керамичкиот трон не можат да седат сами, да знаете дека цехот го плаќа вашиот задник. 

Миграција, тешко со неа ама тешко и без

Во Европа се повеќе растат анти-мигрантски расположенија и следствено, рејтинзи на партии кои ги канализираат таквите чувства. Но, стариот континент има уште еден проблем на кој треба да мисли: што ќе стане ептен стар. Без миграција, до следниот век ќе изгуби над една третина од сегашната популација. Нас нит нè бројат, нит нè рачунаат. 

ЦИА, од работа нема срамота

Разновидно е портфолиото на ЦИА и на секакви начини бесрамно, ама за ова првпат слушаме. На времето агенцијата имала отворено и менаџирала јавна куќа. Наивни мажи влегувале во лажниот бордел каде обучени проститутки прецизно ги дозирале со дроги без овие да знаат. Истовремено, преку лажните огледала, агенти на ЦИА набљудувале реакции, особено дали клиентот „се отвора.“     

Освен милионите што ги имаат, политичарите не се милионери

Илхан Омар (родена во Могадишу, Сомалија) е членка на Демократската партија, првата жена од Африка и една од првите две муслиманки (заедно со Рашида Тлаиб) избрани во Конгресот на САД. Гласините дека набрзинка станала милионерка упорно ги отфрлаше како апсурдни и пресмешни. А потоа пријави дека тежи 30 милиони долари.

Европа зад сцената ја пролонгира војната во Украина

Високи претставници на Белата куќа се убедени дека некои европски лидери јавно ги поддржуваат напорите на претседателот Трамп да ја заврши војната во Украина, додека тивко и зад завесите се обидуваат да го поништат напредокот започнат на самитот во Алјаска, дознава „Аксиос“. Извори блиски до Трамп порачуваат дека некој може да сака војна, ама дека Америка нема да плаќа за тоа. 

Германските десничари ненадејно губат кандидати пред избори

Четири кандидати на десничарската Алтернатива за Германија (AfD) починаа „ненадејно и неочекувано“ непосредно пред покраинските избори во најголемата германска покраина, Северна Рајна-Вестфалија. Имаат тие и резервна листа ама и од резервната листа им умираат луѓе. 

Франција се за војна спрема

Звучи како новинарска патка, но, јбг, не е. Француското министерство за здравство дискретно им дало до знаење на регионалните здравствени установи до март 2026-та да бидат подготвени за воен конфликт од висок интензитет. За нив, тоа конкретно значи да бидат спремни да примат илјадници и десетици илјади ранети. Не се кажува кој би бил непријателот... оти па не се знае.

Лаже ли вештачката интелигенција и зошто?

Додека дел од луѓето се загрижени дека работните места ќе бидат заменети со вештачка интелигенција или роботи управувани од вештачка интелигенција, постои уште еден поопасен аспект: способноста на вештачката интелигенција да нè лаже. Додека го прави тоа за да ни го тинтра егото, ај и некако, ама кога ќе почне сериозно да нè мафта за свој грош, нема да можеме ни да ја исклучиме. 

Укинување на неработните празници е во мода

Влади на повеќе земји предлагаат укинување на некои државни празници, убедувајќи го народот дека тоа ќе помогне во државниот буџет и ќе гио поттикне економскиот раст. Тие самите да станат поевтини и да не бидат толкав товар на буџетите, тоа не им текнува. 

Има ли Америка доволно струја за Нвидиа?

Првата компанија во светот која - во јули - постигна пазарна вредност од 4 трилиони долари, во серија ги надминува и оптимистичките очекувања. Нејзините процесори и чипови се толку моќни и посакувани што многумина веруваат дека Нвидиа е незапирлива. Но, наскоро би можела да се соочи со нов, неочекуван непријател.

Тужби на вакциналните заморчиња

„Ние бевме американските заморчиња за вакцинација и помогнавме човештвото да се спаси од ковид. Сега останавме сами со нашите инвалидитети“, велат некои од лицата кои волонтирале во клиничките испитувања на безбедноста и ефикасноста на ковид вакцината. Денес имаат и по 20 симптоми од експериментите па некои од нив го тужат производителот.

Европа ќе се брани од Путин со мочуришта?

Како да се спречи руска инвазија на Европа? Вратете ги мочуриштата, препорачува холандскиот биолог Ханс Јостен. Европските земји вложија огромен напор во исушување на мочуриштата за да создадат плодна почва. Сега, враќањето на природните бариери се нуди како главен адут на Европа против - замислениот - напад на Владимир Путин.

Европски „сили за уверување“ на Украина се фантазија

Ако за гарантирање на безбедноста на Украина, во тампон зоната би биле потребни 50,100 или 150 илјади европски војници, а Франција и Британија се спремни да испратат само меѓу 6.000 и 10.000 војници, од каде ќе се пополни остатокот, ако веќе Германија и Полска најавија дека нема да се вклучат? 

Ете ги и нив: Сомелиери за вода

По примерот на американски фенси ресторани, во округот Чешир во Англија е отворен првиот ресторан во кој покрај мени и винска листа, имаат и одбрана водна листа. При рака е и посебен сомелиер кој врши брзинска обука за гостите и ги убедува дека ќе бидат задоволни ако дадат 22 евра за шише вода. Хидроевангелистите веруваат дека водата долго била потценета па време е таа да се прецени.  

50 посто калории не стигаат до трпеза

Во 2020 година светот произвел доволно калории за да се нахранат 15 милијарди луѓе - но само половина од тие калории завршиле во чиниите на луѓето. Овој процент сега многу веројатно е уште понизок поради намалената ефикасност на глобалниот прехранбен систем. Уште една студија во која таргет е месото и препорака да се храниме како гулаби. 

Трамп 2.0 е опасна и непоправлива појава

Писмен конзервативец (пишувач на претседателски говори) вика дека дури и да победи некој нормален на следните претседателски избори во Америка во 2028-ма година, штетата што Трамп ја прави во функционирањето на владеењето на правото нема лесно да се поправи. Службата за имиграција, на пример, веќе е претворена во паравоена сила од Трампови лојалисти.

Австралија размислува за данок на празните соби

Во Австралија се крчка нова идеја што предизвика бура од реакции: данок на неискористените соби во приватните домови. Да, ако имате празна соба во вашата куќа, можеби наскоро ќе треба да платите за неа. Што е следно, данок на празните чинии во кујна, празните столици во трпезарија, празните рафтови во фрижидер?

Убиениот Анас ми беше пријател и знам зошто Израел се плашеше од него

Под псевдоним, палестински новинар кој избегал во САД ја пишува својата лична приказна за Анас ал Шариф, еден од новинарите убиени во последниот израелски напад во болница во градот Газа. Удриле еднаш, луѓе и новинари притрчале да им помогнат на настраданите, а овие удриле уште еднаш на истото место. Меѓу нив и Анас, дечко кој верувал дека светот мора да дознае што се случува во Газа.

Со запек до бесплатна кола

Во Северна Ирска речиси половина од автомобилите се регистрирани преку шема наменета за луѓе со попреченост. Освен бесплатна кола, шемата нуди куп галантни бенефиции, како што е сервисирање, промена на гуми, бесплатна инсталација на полнач во двор... Убаво, само што меѓу дијагнозите со кои може да се влезе во шемата се и запек, „тениски лакт“, па дури и злоупотреба на алкохол.