
Со миграција:
Без миграција:
Проекциите на центристички тинк-тенкови покажуваат дека подемот на крајната десница би можел да го забрза намалувањето на населението во Европа, создавајќи економски шокови, побавен раст и зголемени трошоци за пензии и грижа за стари лица.
Порачуваат дека оние кои сакаат да ги затворат границите на Европа треба да се соочат со суровата демографска реалност: се очекува домородното население на континентот нагло да се намали во текот на следниот век, ера на ниски стапки на наталитет.
Експертите предупредуваат дека европските општества ќе стареат побрзо без имиграција, што ќе донесе мноштво економски предизвици како што е намалување на работната сила а растење на социјалниот товар.
„Оние земји што ќе успеат да одолеат на барањата за намалување на имиграцијата на работоспособни луѓе, на подолг рок ќе бидат во посилна економски позиција,“ вели Џон Спрингфорд од тинк-тенкот Центар за европски реформи.
Тоа на подолг рок. На краток рок сите гледаат како тоа изгледа.
Со миграција, до 2100 година населението на Европа ќе се намали за 6 проценти, без миграција за повеќе од една третина.