Њујорк Тајмс го открива овој дебакл на Тимот 6 на американските Фоки во 2019 година. Red Squadron, истата екипа која го уби Бин Ладен.
Уредот кој требало да го постават на територија на Северна Кореја имал за цел да обезбеди круцијални и деликатни разузнавачки информации во пресрет на нуклеарните преговори меѓу Трамп и Ким Џонг Ун.
Мисијата била рискантна па се барало директно одобрение од Трамп (во првиот мандат). Доколку „фоките“ биле фатени на севернокорејска територија, тоа можело да ги потоне нуклеарните преговори или да доведе до заложничка ситуација, пишува весникот кој обавил интервјуа со дузина воени и цивини лица кои биле упатени во операцијата.
Со месеци вежбале во грч ладни води и од американска нуклеарна подморница, со подводни скутери наречени влажни подморници се упатиле кон локацијата. Биле осуммина, требало да дојдат до брегот, да го постават уредот и да заминат без да бидат забележани.
Но, од нигде никаде, во темницата се појавило рибарско бротче. Без комуникација со командата, специјалците се решиле на она што знаат да го прават. Пукале, ги убиле рибарите а потоа со нож им ги бушеле градите за белите дробови да им се наполнат со вода и да потонат на дното.
„Не знам ништо за тоа, треба да проверам,“ лефтерно кажа деновиве Трамп кога го прашаа за случајот.
Американскиот Конгрес и неговите разузнавачки комитети не биле информирани за мисијата. Подоцна, многу од луѓето вклучени во мисијата биле унапредени.
