Трамп 2.0 е опасна и непоправлива појава

Писмен конзервативец (пишувач на претседателски говори) вика дека дури и да победи некој нормален на следните претседателски избори во Америка во 2028-ма година, штетата што Трамп ја прави во функционирањето на владеењето на правото нема лесно да се поправи. Службата за имиграција, на пример, веќе е претворена во паравоена сила од Трампови лојалисти.

Дејвид Фрум, поранешен пишувач на говорите на на Џорџ дуплове Буш, предупредува дека Доналд Трамп во својот втор мандат веќе испраќа  „застрашувачки јасна порака“.

Враќајќи се на аферата Вотергејт, тој потсетува дека и подржувачите на Никсон признале дека погрешил, дека виновните треба да бидат казнети и дека такви злодела никогаш повеќе не треба да се повторат.

За разлика од тоа, првиот мандат на Трамп заврши со мирис на граѓанска војна.

„Реакционерните губитници кои се обидоа да го соборат Уставот на САД може да признаат дека се поразени, но нема да признаат дека се погрешиле“, напиша тој. „Ако не го признаат тоа, како може да веруваме дека нема да се обидат уште еднаш ако има шанса за тоа?“

Фрум го отсликува досегашниот мандат како одмазничка операција и регрутирање лојални луѓе во федералната влада. Неодамнешната рација на ФБИ во домот на поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон е илустрација за првиот елемент.

Според Фрум, во овој мандат на Трамп се случуваат скандалозни работи кои само до пред некој месец би изгледале невозможни и секој ден значи оддалечување од владеењето на правото кон произволно и корумпирано лично владеење.

Под Трамп државата брзо менува физиономија, при што Службата за имиграција и царина се трансформира во „огромна паравоена сила составена од лојалисти а неговото семејство собира „стотици милиони долари во подароци, бакшиши и исплати“, комплетно игнорирајќи ги етичките правила воспоставени после  Вотергејт.

Фрум оценува дека дури и на следните избори да победи некој со здраво почитување на владеењето на правото, политичките перверзии направени од Трамп нема лесно да се поправат. 

27 август 2025 - 12:38