Европа врти десно

Не е првпат тоа да се случува но денес тоа е предизвик во трите најмоќни држави на континентот. Тоа не значи дека десничарите и популистите и ќе дојдат на власт бидејќи во сите три земји постојат уиграни механизми со кои тие биваат оневозможени да го крунисаат успехот. Но, до кога? Трендот е јасен а го храни миграцијата и самоубиствените зелени политики.

Франција, Германија и Обединетото Кралство - три од најголемите и најмоќните земји во Европа - се соочуваат со политичка пресвртница. Во сите три, според анкетите,  крајнодесничарските или популистичките партии водат.

Во Франција, Националното собир, чиј симбол е Марин Ле Пен, со месеци води во анкетите. Жордан Бардела, кој се споменува како претседателски кандидат откако на Ле Пен ѝ беше забрането да се кандидира, е поддржан од 36 проценти од испитаниците. Денес да се избори, тој би водел во првиот круг.

Посебен грев е Кир Стармер. Иако на власт е само една година, во последните шест месеци Реформистите на „политичкиот негативец“ Најџел Фараж, го презеде водството и пред неговата Лабуристичка партија и опозициските Ториевци.

Во Германија цела година „мртва трка“ водат владејачките демохристијани на канцеларот Мерц и десничарите АфД. Според последните сондажи, ЦДУ води еден процент. Терминот „мртва трка“ можеби им звучи грубо на вториве бидејќи во последно време „ненадејно и неочекувано“ им умираат кандидати (Види: И седми кандидат на германските АфД почина пред избори).

„Политичкото расположение во Европа генерално се помести кон десно и тоа е реакција на два феномена. Едниот е отворената политика кон имиграцијата а втора е дебатата околу цената на зелената транзиција. Критичарите велат дека таа оди на штета најмногу на работниците, а десничарските партии ги канализираат таквите стравови. Но, главниот двигател на трендот е имиграцијата и поврзаните прашања за интеграција, културните војни, безбедносните прашања во големите градови итн.“, вели политичкиот аналитичар Вишеслав Раос.

Но, играта не е готова.

Во Германија, десничарите може да бидат блокирани од коалициски ѕид, во Франција од традицијата на „републиканскиот фронт“, а во Британија од мнозински изборен систем. 

 

 

5 септември 2025 - 21:59