Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

И седми кандидат на германските АфД почина пред избори

4 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ханс Јоаким-Кинд, кандидат на десничарската партија АфД почина во пресрет на изборите во Северна Рајна Вестфалија, разгорувајќи ги гласините дека нешто чудно и бизарно се случува на кандидатите на партијата која е во налет на популарноста. 
  • „Ова статистички е речиси невозможно“, сподели ко-претседателската на партијата Алис Вајдел, откако шест кандидати на АфД „ненадејно и неочекувано“ починаа во рок од две недели.
  • Во истиот период починаа и двајца кандидати од резервната листа на АфД.
  • Ок, Ханс Јоаким-Кинд имал 80 години.

Види: Германските десничари ненадејно губат кандидати пред избори

извор

Трамп формира фонд за бунтовниците од 6 јануари 2021

19 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Министерството за правда на САД објави формирање фонд од 1,776 милијарди долари, наменети за обештетување на жртви на „политичка инструментализација“ од администрацијата на Џо Бајден.
  • Фондот е создаден согласно вонсудската спогодба за тужбата од Организацијата Трамп против Даночната служба, поради тоа што не ги заштитила неговите даночни информации од протекување до медиумите. Њујорк тајмс, повикувајќи се на документите, објави во 2020 година дека Трамп платил несоодветно мал федерален данок на доход во период од неколку години.
  • Во вонсудската спогодба, Организацијата Трамп го повлече барањето за отштета од 10 милијарди долари, во замена за новиот фонд, од кој Трамп лично нема да добие никакви пари.
  • Фондот ќе биде наменет за стотиците симпатизери на Трамп кои беа судски гонети поради упадот во Капитолот на 6 јануари 2021 година. По враќањето во Белата куќа, Трамп колективно помилува многумина од нив.
  • Демократскиот сенатор Чак Шумер оцени дека Трамп на овој начин „ја финансира својата армија на бунтовници“. Конгресменот Џејми Раскин ја нарече спогодбата „огромен фонд за поткуп“, а неколку граѓански организации го обвинија претседателот дека сака со пари од даночните обврзници да ги награди своите политички симпатизери.
извор

Сем Алтман го победи Илон Маск на суд

19 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Суд во Калифорнија ја отфрли тужбата од Илон Маск против Сем Алтман, во која го обвини дека ја споил непрофитната организација OpenAI во голем комерцијален бизнис.
  • Поротата не навлегуваше во содржината на тужбата и сведочењата во еднонеделниот судски процес, туку по само два часа се повика на технички детаљ – случајот застарел затоа што Маск чекал предолго да ја покрене тужбата.
  • Победата на Маск можеше да ја потресе индустријата и евентуално да го отстрани Алтман од челото на OpenAI. Директорот на Тесла, еден од коосновачите на OpenAI, побара отштета од 134 милијарди долари отштета и отстранување на Алтман и потпретседателот Грег Брокман од функциите.
  • Алтман сега може да се посвети на завршните подготовки за лансирање на OpenAI на берзата, со очекувана гигантска почетна понуда од над 1.000 милијарди долари.
  • OpenAI се бори со конкурентот Anthropic кој ќе биде прв што ќе излезе на берзата, веројатно до крајот на оваа година, за да привлече повеќе пари од потенцијалните инвеститори. Компанијата што ќе заостане ќе мора да се задоволи со она што преостанало на пазарот.
  • „Адвокатите на Маск ги искористија сведочењата од поранешните колеги на Алтман за да го прикажат како недоверлив лидер, за да му го уништат кредибилитетот. Освен овие откритија, тужбата се покажа како одвлекување на вниманието“, оцени аналитичарот Ден Ивс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

Навивачи
2

Што пејат бе овие?

Фудбал
3

Валенсија победи во 93-та минута и избори опстанок, нова супер одбрана на Столе

Фудбал
4

Три минути

Мешано
5

Има работа на кој му се седи

Канта
6

Нашата Евровизија

Музика
7

Нема поглуп створ од турист

Видео
8

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
1

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
2

Зошто стапката на новородени деца опаѓа насекаде во исто време?

Свет
3

„Лудите“ бизнисмени што вложија во Твитер ги дуплираа парите

Бизнис
4

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
5

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

6

Јагленот ја смирува енергетската криза

Свет
7

Иран ќе наплаќа „осигурување“ за премин на Ормускиот проток

8

Отворено писмо против АМП на Гугл

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога Балканот им помагаше на работниците во Шведска

Да се пазиме од полицајците на нашите мисли

Несреќата да се биде Грк

„КАКО СЕ ИЗЕДОВ СЕБЕСИ“ од Воки Костиќ

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy