Со запек до бесплатна кола

Во Северна Ирска речиси половина од автомобилите се регистрирани преку шема наменета за луѓе со попреченост. Освен бесплатна кола, шемата нуди куп галантни бенефиции, како што е сервисирање, промена на гуми, бесплатна инсталација на полнач во двор... Убаво, само што меѓу дијагнозите со кои може да се влезе во шемата се и запек, „тениски лакт“, па дури и злоупотреба на алкохол.  

Motability Scheme им овозможува на лицата со попреченост да изнајмат нов автомобил, специјализирано возило за инвалидска количка, скутер или електрична инвалидска количка на секои три години.

Оваа шема не бара посебна медицинска проценка, а корисниците можат да аплицираат и ако не возат сами, именувајќи до двајца возачи. Покрај возилото, шемата покрива осигурување, одржување, сервисирање, помош на пат и замена на гуми или ветробранско стакло. Дополнително, лицата што ги исполнуваат условите можат да добијат и ослободување од данок на возила, што дополнително го намалува финансискиот товар.

Покрај основните бенефиции, шемата нуди и бесплатна инсталација на над 66.000 точки за полнење за електрични возила во домовите на корисниците.

Во Северна Ирска, речиси половина (42%) од новите автомобили се регистрирани преку оваа шема.

Истовремено, шемата е под удар на сè посилни критики заради манипулации и бизарни злоупотреби.

Гага кола добиле луѓе со констипација (људски: запек), со „тениски лакт“, анксиозност, алергии или нетолерантност на одреден вид храна. Некои квалификациони дијагнози за бесплатна кола се дури и опасни, како што се луѓе со аутизам, АДХД пореметување па дури и злоупотреба на алкохол (770 такви имало).

Дополнителни реакции предизвика можноста за добивање луксузни возила, како BMW или Ford Mustang, со извесна доплата.

„Ова е излезено  до контрола“, изјави заменик-лидерот на Реформската партија на Обединетото Кралство, Ричард Тајс.

Лани компанијата што ја управува шемата, отстранила 5.300 корисници (просечно 15 дневно) после истрага за злоупотреба. Вкупно биле разгледани 35.899 случаи на потенцијално прекршување.

 

 

 

26 август 2025 - 09:50