Вести

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Некои демографи предупредуваат дека сме преголем товар за планетата. Неодамна го избаждарија оптимумот на 2,5 милијарди луѓе. Нова студија го поместува прагот на одржливост на човештвото на 4 милијарди, но со постепен пад до крајот на идниот век, без никакви насилни стерилизации и политики на принуда.

Инсајдери тргувале со 9 милијарди долари на изјавите на Трамп за Иран

Техеран документирал шема на инсајдерско тргување од најмалку 9 милијарди долари, преку манипулации на пазарот на нафта поврзани со извештаите на порталот Аксиос и изјавите на претседателот Трамп. Иран ги обвинува Кушнер и Виткоф дека ги злоупотребуваат преговорите, за да го искористат пристапот до информации за тргувања на финансиските пазари.

Палантир го крие ќарот во Европа за да не плаќа даноци

Компанијата на Питер Карп и Алекс Тил, озлогласена поради производството на системи за надзор, го пријавува речиси целиот свој профит во САД, иако голем дел од приходите ги остварува во Европа, што овозможува значително намалување на даночните обврски. Палантир пријавува профит од 47,7 центи на секој 1 долар приход во САД, а во Европа вештачки ја спушта маржата на само 3%.

Речник

Пожарите во Франција не се од климатските промени туку од пиромани

Шумските пожари што опустошија стотици илјади хектари од Шпанија до Грција им послужија на климатските активисти и медиумитекако доказ за катастрофалните последици од климатските промени. Всушност, во речиси 90% од случаите пожарите во Франција биле предизвикани од луѓе, а една третина биле намерно подметнати.

Браќата Тејт се поопасни за Трамп од Епстин

Последиците од апсењето на Ендру и Тристан Тејт би можеле да прераснат во голем проблем за Трамп, неговото семејство и политичкото движење МАГА, тврди новинарот Брајан Бјутлер. Врските на синовите на претседателот со браќата обвинети за педофилија и трговија со луѓе се многу понови и појасни отколку оние со Џефри Епстин.

Нов хируршки зафат врз фетус спасува бебиња од големи маки

Хирурзи во Тексас успеале со нов тип зафат да спасат неродено бебе на кое поради редок феномен цревата му растеле надвор од телото. Со експериментална и минимално инвазивна хирургија успеале да му ги вратат органите во абдоменот пред да се роди. Оваа аномалија денес се третира со повеќе постнатални операции и со повеќемесечен престој на интензивна нега.

Како големата фармација закопа надежен лек

Слично како и ивермектинот, во битката за профит настрада и диметил-сулфоксидот, кој пред половина век беше прогласен за медицинско чудо поради способноста да ја смири хроничната болка и да помага при разни болести. Но, фармацевтските компании не можеле да го патентираат, па тргнаа во војна против евтиното средство што ги загрозува нивните скапи и профитабилни лекови.

Зачнување на нов проблем со ковид вакцините

Проверувале податоци за 1,3 милиони жени од Чешка, кои пред зачнување биле невакцинирани или вакцинирани за ковид. Утврдиле дека стапката на зачнувања кои воделе до успешно родени деца била, на 1.000 лица, далеку помала кај оние кои примиле вакцина против ковид - 19.   

Стаса време за депортирање Сиријци од Европа

Австрија објави дека ќе го депортира во матичната земја првиот сириски мигрант. Тоа со огромен интерес го следат другите европски земји, кои во изминатите години примија речиси 1,7 милион Сиријци, а не можеа да ги депортираат ни криминалците меѓу нив, зашто беа заштитени како бегалци. Сега се смета дека не се под закана, бидејќи е соборен режимот на Асад од кој побегнаа.

Сончев систем, добри гости ти дојдоа

Астрономи открија небесно тело од друг ѕвезден систем што талкајќи низ галаксијата упаднал во Сончевиот систем. Сега е на далечина до Јупитер, ќе протатни близу до Марс, но нема да ја загрози Земјата. Од далеку личи на комета. Поради брзината на „натрапникот“, нема да може да го пресретнеме и потемелно да истражиме дали содржи аминокиселини, кои се основните коцки за создавање живот.

Свеста е квантен процес преку кој сме поврзани со целиот универзум

Нашите умови ги чувствуваме како многу приватни и уникатни за секој од нас. Но, истражувачи се на трага на идејата дека нашата свест можеби е поврзана со нешто многу поголемо. За да не го викаме тоа Господ (пошто звучи многу ненаучно), рамката на оваа идеја е сместена во областа на квантните процеси, поточно феноменот познат како квантно вплеткување. 

Новиот климатски план на ЕУ е општо лудило

И конзервативците и екологистите жестоко го критикуваат новиот климатски план на Европската комисија за 2040 година. Едните тврдат дека преамбициозните и неостварливи цели ќе го зголемат товарот врз економијата и граѓаните, давајќи им предност на САД и Кина. Другите се жалат дека не е доволно строг и дека е разводнета веќе прифатената цел за намалување на емисиите на CO2.

ФДА одобрува лекови без докази дали дејствуваат

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) одобрила стотици лекови без докази дека делуваат, дури и некои што предизвикуваат штета, покажува новинарска истрага. Соочена со политички и индустриски притисок, ФДА ги напушта стандардите за да стигнат лековите побрзо во аптеките. Несакани ефекти од лекови издадени на рецепт сега се меѓу трите главни причини за смрт во светот.

Дремката го забавува стареењето на мозокот

Научници од неколку универзитети открија потенцијална врска помеѓу редовното дремнување и здравјето на мозокот. Нивните наоди сугерираат дека оние човечки „само да дремнам на кратко“ помага да се одржи мозокот млад. Разликата воопшто не е за потценување. Виталноста на мозокот на оние кои сакаат да дремнат преку ден е најмалку 6 години подобра од останатите.

За Амазон работат милион роботи

Џеф Безос најде начин како да ги смири протестите од вработените. Наместо да им ја олесни работата, ги заменува со машини. Не оти и досега Амазонците многу се разликуваа од роботи. Немаа право ни на пауза за тоалет, па си носеа шишенца за мочање. Машините работат неуморно, не бараат поголема плата, не губат време по одмори и боледувања, не се организираат синдикално и не се бунат. Сè уште не.

Канабис наместо во вселената заврши во океан

Невообичаен товар од семе од канабис, габи, алги, човечка ДНК и пепел од кремирани тела заврши во Пацификот наместо во орбита околу Земјата. Со тоа пропадна обидот за тестирање на индискиот коноп како растение со голем потенцијал да помогне во вселенски мисии, особено за да им обезбеди материјал, лекови и многу други нешта на астронаути што ќе градат колонии на Марс.

Иран е решен да го минира Персискиот Залив

Иранската морнарица за време на судирот со Израел натоварила подводни мини на бродови за да го блокира транспортот низ Ормуз, протокот до Персискиот Залив низ кој поминува една петтина од глобалната трговија со нафта и гас. Американскиот удар врз нуклеарните капацитети на Иран ја крена цената на нафтата за 10%. Блокадата на Ормускиот теснец би предизвикала светски хаос.

Политичка битка за разладување на Французите

Во денови кога Франција гори од топлотниот бран со температури над 40 Целзиусови степени, властите го отфрлија барањето на десничарската лидерка Марин ле Пен за масовно инсталирање клима-уреди во училиштата и јавните установи низ земјата. Аргументот на властите е дека климите ослободуваат топлина што ги загрева улиците и им го прави животот пекол на комшиите.

44 кражби не се „доволно екстремни“ за депортација од Британија

Наместо да биде депортиран, албански мигрант со дебело криминално досие доби право да остане во Британија. Трибунал оценил дека речиси 50 пресуди за грабеж и провали „не се доволно екстремни дела што би ја револтирале британската јавност“. Може само да се нагаѓа каде е границата за „екстремно“. 100? 200? Згрозени од вакви пресуди, и власта и опозицијата бараат итни реформи.

Уапсени новинари и насилни протести поради карикатура во турскиот Шарли Ебдо

Четворица новинари од турското сатирично списание Леман се уапсени поради карикатура на која наводно е прикажан пророкот Мухамед. Главниот уредник попусто се извини и објаснува дека на карикатурата не е прикажан Пророкот, туку жртва на израелско бомбардирање. Полицијата едвај ја запре групата религиозни демонстранти што го нападна седиштето на Леман и повика на „одмазда“.

Морињата биле и три метри повисоки од сега

Ново истражување ја оспорува хипотезата на климатските активисти дека глобалното затоплување е предизвикано од јаглерод диоксид. Науката вели дека тоа е природен циклус. Нивото на морето било многу повисоко пред 6.500 години бидејќи било многу потопло и се топеле поларниот и глацијалниот мраз. Оваа природна осцилација се случувала при многу ниски нивоа на CO2.

Кенеди: Властите скриле студија за вакцините и аутизмот

За 1.135% бил поголем ризикот за аутизам кај бебињата во САД вакцинирани против хепатитис во споредба со оние што не биле вакцинирани, покажало истражување на Центрите за контрола и превенција на болести. На здравствените власти не им одговарале резултатите од сопствената студија, па манипулирале со податоци за да ја прикријат вистината, тврди министерот за здравство на САД.

Ози Озборн крепи алкохол заради генетска мутација

По 40 години употреба на тешки дроги и алкохол, неколку блиски средби со смртта и општо јако нездрав живот, Ози Озборн реално требаше досега да биде мртов. Со децении има пиено по 2-3 литри вотка и Хенеси дневно, па сепак, таа брлива олупина уште е жива. Денес мажите ќе каснат едно благце и после ќе замараат дека си ја упропастиле кетозата и дека ќе мора да почнат сè одново. Ц ц...

Ем мост до Сицилија ем платена членарина за НАТО

Соочени со огромниот финансиски товар што Трамп им го наметна на членките на НАТО, владини функционери во Рим планираат како „трошок за одбрана“ да подметнат амбициозен инфраструктурен проект што го планирале Берлускони, Бенито Мусолини, дури и старите Римјани. Да се изгради мост од 13,5 милијарди евра што би ја поврзал италијанската „чизма“ со Сицилија. 

Американци без кинески ретки минерали може да издржат уште три месеци

Откако Трамп ѝ објави трговска војна, Кина строго го ограничи извозот на ретки минерали и магнети, кои се клучни суровини за индустријата за автомобили, авиони и медицинска опрема. Постигнат е нов дил со САД, но Пекинг го кочи извозот со бавни бирократски процедури за издавање лиценци. Американски компании се жалат дека им останале резерви за само три месеци. 

Материјалот од умниците е медицинско злато

Луѓето вообичаено ги отстрануваат умниците, дури и пред да почнат да создаваат проблем во устата. Осумките по интервенцијата завршуваат во ѓубре, иако се регенеративно богатство - содржат матични клетки кои може да помогнат за третмани против разни болести. Лаборатории во соработка со стоматолози сега нудат комплети за чување на „вишокот“ заби како биолошко осигурување.

Далај Лама планира со својата смрт да ја зафркне Кина

На својот 90-ти роденден на 6 јули, 14-от Далај Лама ќе ја објави одлуката кој ќе биде неговата нова инкарнација. Најави дека детето што му се јавило во визиите нема да биде од Кина, а може да биде и девојче. Целта е јасна, да се спречи Пекинг да ја искористи смртта на Далај Лама за да наметне свое дете не негово место и да го задуши влијателното будистичко движење на Тибет.

Терасите останаа последните слободни зони за пушачите во Франција

Од вчера секој што во Франција ќе биде фатен како пуши на плажа, во парк или покрај училиште може да биде казнет до 700 евра, согласно новата забрана насочена кон заштита на децата од пасивното пушење. Забраната не ги опфаќа електронските цигари, а терасите на баровите и рестораните ќе останат последните слободни зони во кои ќе може да се дружат пушачи и непушачи.

Му се стемни и на ‘Blue Screen of Death’

Миленијалците треба да се подготват за збогување со најстрашната порака која можеа да ја добијат додека работат на компјутер. Кога Виндоусот ќе се скрши и на сјајно син екран ќе добијат порака дека компјутерот им е шлогиран и треба да се рестартира (ако се скрши пред да зачуваш нешто важно на што долго си работел, може и бокс да попие невиниот екран). Не дека Микрософт планира во иднина да не се крши, туку тоа ќе биде обележано со пригодна црнина.