Вести

Јапонците престанаа да растат

Јапонија одамна губи население и забрзано старее. Нова причина за загриженост е податокот дека нацијата престанала да расте уште од крајот на минатиот век. Во исто време Кинезите и Корејците пораснале најмногу во светот. Како објаснување за разликата се посочува на исхраната со помалку калории, диетите на бремените жени и намалените часови на спиење.

Трамп има голем ќар од форсирањето на ВИ

Технолошката трка со Кина не е единствената причина поради која Трамп се спротивставува на повиците за забавување на развојот на вештачката интелигенција. Освен за доминацијата на САД, загрижен е и за неговата семејна бизнис империја, која сè повеќе е испреплетена со инвестицискиот бум во новата индустрија, покажува анализа на „Вашингтон пост“.

Мерц одбива да го прифати крајот

По катастрофалниот пораз на конзервативците на регионалните избори во Германија, канцеларот Мерц се противи на промената на курсот. Ја игра улогата на боксер кој упорно се крева од подот, убеден дека може да го зададе решавачкиот удар во последната рунда. Но, политиката не е холивудски филм со загарантиран среќен крај. Напротив.

Речник

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Светот е на добар пат да исполни само една од 44-те глобални цели за заштита и развој на прехранбените системи до 2030 година, и тоа веројатно најбаналната - бројот на претплати за мобилни телефони. Најголемо е потфрлањето во остварување на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Во некои категории е забележано назадување.

Ризикот да се премине Ормуз чини милион долари на ден

Војната во Иран создаде сосема нова категорија милионери кои профитираат од високата цена на нафтата и огромната глобална побарувачка - бродосопственици кои испраќаат танкери преку блокираниот Ормуски проток, со надеж дека Иран или САД нема да им ги потопат. Ако поминат, дебело го наплаќаат ризикот: по 1 милион долари за секој ден пловење до Кина.

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Реагирајќи на разузнавачка проценка на алатка со ВИ дека кинески брод носи нуклеарни компоненти за Иран, американските воен сили наредиле акција за преземање на бродот, но во последен момент ја откажале. Проверката покажала дека алатката направила погрешен заклучок. Инцидентот бил сериозен и интервенцијата можела да ескалира во војна со Кина.

И на кинески владици знае да им лепи рачето

Храмот Шаолин, родното место на зен будизмот и на кунг-фу, повеќе од 1.500 години бил центар на спокојство и телесна дисциплина. Светската слава што му ја донесе кунг-фу филмот на Џет Ли привлече туристи, но ги урна вредностите и му ги отвори апетитите на главниот монах. Чуварот на моралниот компас е сменет поради злоупотреба на парите од храмот, а не му ги простуваат ни љубовниците.

Што знаат Урсула и Доналд што се 750 милијарди?

Трговскиот договор на САД и ЕУ буквално е „фантастичен“. Во очајнички обиди да избегне царини од 30% и општа трговска војна со САД, Урсула фон дер Лејен прифати сè што од неа побара Доналд Трамп и вети дека Унијата за три години ќе купи американски енергенси за 750 милијарди долари. Ниту Америка има толку нафта и гас на продажба ниту Европа има капацитет да ја купи и обработи.

Кој се исповедал пред ЧетГПТ самиот си пресудил

Во време кога луѓето привикнаа да ги користат четботовите како интимни пријатели, доверливи психолози или правни советници, многу е ризично да се бара совет како човек да се извлече од незгоден проблем со законот. Автоматски си пресудува. Газдата на Опен АИ како полицаец предупредува: „Сè што ќе кажете пред четботот може да биде употребено против вас на суд“.

Трамп го брише CO2 од црната листа

Агенцијата за заштита на природата официјално побара поништување на клучниот документ за стакленичките гасови од 2009 година, кој послужи да се воведат строги „зелени“ регулативи и да се оптоварат Американците со стотици милијарди долари годишно. ЕПА тврди дека намерно се манипулирало со научни студии за да се озлогласат фосилните горива и да се исфрлат од употреба.

Израелците сè погласно го осудуваат геноцидот во Газа

Две влијателни израелски групи за човекови права се охрабрија да ја наречат со вистинското име  - Нашиот геноцид - израелската операција за изгладнување на Палестинците и за уништување на Газа. Свесно ризикуваат екстремни реакции од властите и од јавноста поради изразот што ги отвора раните од холокаустот. И предупредуваат дека геноцидот врз Палестинците нема да запре во Газа.

Кина не дозволува Панамскиот канал да заврши кај Американците

Пекинг може уште повеќе да го зголеми своето влијание врз сообраќајот низ двете клучни пристаништа на Панамскиот канал, кои му беа ветени на американскиот инвеститор БлекРок. Хонконшкиот приватен сопственик што ги продава пристаништата се премисли и сега инсистира во групата купувачи да биде и Коско, компанија што е под целосна контрола на кинеските власти.

Наместо да воведува ред, британската полиција ќе го крие нередот

Британски детективи денес изгубија секаква допирна точка со Шерлок Холмс. Наместо да патролираат, да решаваат криминални случаи и да гонат убијци, наредено им е да бараат и да цензурираат антиимигрантски пораки и повици на протести по социјалните мрежи. „Дволичниот Кир не може да ги контролира улиците, па се обидува да ги контролира мислењата“, обвинува опозицијата.

Ќе направи ли ЕУ било што за Газа?

Десетици европратеници од разни политички блокови се здружија во притисок врз Европската комисија конечно да преземе решителни мерки против владата на Нетанјаху и барем да се обиде да ја спречи хуманитарната катастрофа во Газа. Бараат од ЕУ со дејства, а не само со зборови, да ги брани основните вредности што ги промовира пред светот: „Времето за морален кукавичлук заврши“.

Откриени цревните бактерии одговорни за мултиплекс склероза

Меѓу стотиците разни видови бактерии во цревата, научници од Минхен откриле две за кои веруваат дека предизвикуваат мултиплекс склероза. Тоа овозможува да се развијат третмани насочени за прецизно елиминирање на двете бактерии за да се спречи прогресија на болеста, а не да се уништува целиот микробиом, што може да има поголема штета отколку корист.

Малку спиење е нездраво, ама и претераното може да биде смртно опасно

Нови и нови истражувања потврдуваат дека спиењето, покрај исхраната и активноста, е суштински столб на здравјето, ако можеме да си го дозволиме по 7 до 9 часа на ден. Несоницата и немирниот сон се лоши за мозокот, срцето, кожата, дури и за сексуалниот нагон. Но, опасно е и да се претера. Нова анализа открива врска помеѓу предолго спиење и зголемен ризик од прерана смрт за 34%.

Скришно планирале да ни го помрачат Сонцето

Истражувачи поддржани од милијардери, тајно планирале геоинженерски проект од пренаменет носач на авиони да создадат вештачки облаци кои со својата сенка би го спречиле глобалното затоплување. Локални власти лани им го пресекле планот во старт. Тоа, всушност било само пилот-проект за многу поголема операција, да создадат облаци со површина колку третина Македонија.

Кина го крева наталитетот со бебешки додаток од 500 долари

За да ја амортизираат популациската катастрофа од повеќедецениската политика „едно дете“, комунистичките власти на Кина сега им даваат на семејствата помош од по 500 долари годишно. Сумата едвај може да ги покрие трошоците за пелени и без посериозни структурни иницијативи тешко дека ќе ги охрабри Кинезите имаат повеќе деца, чие израснување до матура ќе ги чини 75.000 долари.

Нето-нулата може да ја уништи цивилизацијата

Наспроти доказите дека климатските промени не се толку опасни колку што се прикажуваат, политичарите упорно со нив ја плашат јавноста за да протуркаат скапи кампањи што ниту една економија не може да ги издржи, тврди влијателниот британски новинар Мет Ридли. Тој вели дека пресвртот во политиката на Трамп ќе биде голем тест дали светот треба да ги напушти нето-нула целите.

Не морало 10.000 чекори, доволно биле 7.000

Науката ја скрати препорачаната километражата што секој човек би требало да ја препешачи на ден за да го одржува здравјето. Оние 10.000 чекори на кои нè тераат апликациите на телефоните се заокружена бројка извлечена од ракав, без докази. Науката вели: доволни се 7.000 чекори. Го преполовуваат ризикот од прерана смрт во споредба со 2.000. Битно е да се пешачи, кој колку може.

Гугл грешно ги предупредил Турците за катастрофалниот земјотрес

Дури сега, две и пол години по катастрофалните земјотреси во Турција во кои загинаа десетици илјади луѓе, Гугл призна дека потфрлил системот што требало автоматски да испрати предупредување до милиони луѓе и да им даде доволно време за да се засолнат. Многу земји се потпираат на системот АЕА, верувајќи слепо на технологија што не е доволно тестирана.

Британците Арифи, Џафа и Шакиби групно силувале жена во Сплит

Хрватска јавност деновиве е шокирана од бруталноста и дрскоста на едно сексуално силување што на девојка во еден хотел ѝ го приредиле „тројца британски државјани.“ Идентификувани се како Ами Арифи (28), Гезим Џафа (28) и Сохиб Шакиби (24). Згрозени се и Британците, кои со децении трпат злосторства од албанските банди, кои ги контролираат проституцијата и трговијата со луѓе.

Лондон им дал азил на талибанци со британска крв на рацете

Британските власти имале добра причина зошто четири години не дозволувале да се спомне ни збор за тајната операција за згрижување десетици илјади Авганистанци. Меѓу луѓето што добиле азил има многумина талибанци, џихадисти, злосторници, кои корумпирани службеници во Кабул ги запишувале како блиски роднини на вистинските соработници на британските трупи.

САД и ЕУ имаат трговски договор

После неколкумесечна неизвесност и опасност од непредвидлива трговска војна меѓу двата економски блока, Доналд Трамп и Урсула фон дер Лајен постигнаа договор. Базичната линија на царинење на европскиот извоз во САД е утврдена на 15 проценти. Многу стоци милијарди ЕУ ќе мора да дава за енергенси од САД.

Ти ѝ бараш да кодира, ВИ ти брише бази на податоци

Агент за кодирање со вештачка интелигенција од Replit избришал активни база на податоци иако тоа му било строго забрането. Инцидентот е големо предупредување за софтверските компании што ги заменуваат програмерите со машини. Јазичните модели сега не се користат само како алатки за помош, туку им даваат говорни насоки и им даваат целосна доверба да ја извршат задачата до крај.

Маск им ја запрел големата контраофанзива на Украинците

Преземајќи си улога на „господар на војната“, Илон Маск во 2022 година наредил да се исклучи пристапот на неговите сателити до Херсон за да ги остави украинските сили без комуникација и така да ја запре нивната голема контраофанзива за ослободување на окупираните територии, тврди Ројтерс. Наводно се исплашил од заканите од Путин дека Русија ќе возврати со нуклеарно оружје.

Јаглероден пасош ќе ни ги ограничи патувањата

Притиснати од строгите климатски политики, европски земји сериозно планираат да воведат „јалеродни пасоши“ со кои секој човек ќе добие годишни кредити за патување, врз основа на километражата и превозното средство. На пример: два лета до Њујорк и назад би ги потрошиле сите кредити. Ќе има уште построги ограничувања за крстосувања со брод, а се препорачуваат тури со воз и автобус.

Ментално неподобни Украинци служат војска

Чести паузи во меморијата, дезориентација, конфузија околу бројките и боите – ова се секојдневните проблеми на 28-годишниот Васиљ од централна Украина. Од 2015 година е на психијатриски третман за растројство на личноста. Но, тоа не ги спречило украинските вооружени сили да го повикаат на воена служба и да му дадат оружје.

Вакцините против ковид спасиле многу помалку животи отколку што кажува СЗО

Наметнатото вакцинирање на сите луѓе по секоја цена не спасило ни од далеку толку животи колку што тврди Светската здравствена организација, покажува ново истражување. Полза од вакцинирањето имале само постарите лица, додека младите непотребно биле изложени на ризик. Агресивните мерки и фанатизмот за вакцинирање беа лоша идеја, заклучуваат истражувачите.