Вести

Јапонците престанаа да растат

Јапонија одамна губи население и забрзано старее. Нова причина за загриженост е податокот дека нацијата престанала да расте уште од крајот на минатиот век. Во исто време Кинезите и Корејците пораснале најмногу во светот. Како објаснување за разликата се посочува на исхраната со помалку калории, диетите на бремените жени и намалените часови на спиење.

Трамп има голем ќар од форсирањето на ВИ

Технолошката трка со Кина не е единствената причина поради која Трамп се спротивставува на повиците за забавување на развојот на вештачката интелигенција. Освен за доминацијата на САД, загрижен е и за неговата семејна бизнис империја, која сè повеќе е испреплетена со инвестицискиот бум во новата индустрија, покажува анализа на „Вашингтон пост“.

Мерц одбива да го прифати крајот

По катастрофалниот пораз на конзервативците на регионалните избори во Германија, канцеларот Мерц се противи на промената на курсот. Ја игра улогата на боксер кој упорно се крева од подот, убеден дека може да го зададе решавачкиот удар во последната рунда. Но, политиката не е холивудски филм со загарантиран среќен крај. Напротив.

Речник

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Светот е на добар пат да исполни само една од 44-те глобални цели за заштита и развој на прехранбените системи до 2030 година, и тоа веројатно најбаналната - бројот на претплати за мобилни телефони. Најголемо е потфрлањето во остварување на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Во некои категории е забележано назадување.

Ризикот да се премине Ормуз чини милион долари на ден

Војната во Иран создаде сосема нова категорија милионери кои профитираат од високата цена на нафтата и огромната глобална побарувачка - бродосопственици кои испраќаат танкери преку блокираниот Ормуски проток, со надеж дека Иран или САД нема да им ги потопат. Ако поминат, дебело го наплаќаат ризикот: по 1 милион долари за секој ден пловење до Кина.

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Реагирајќи на разузнавачка проценка на алатка со ВИ дека кинески брод носи нуклеарни компоненти за Иран, американските воен сили наредиле акција за преземање на бродот, но во последен момент ја откажале. Проверката покажала дека алатката направила погрешен заклучок. Инцидентот бил сериозен и интервенцијата можела да ескалира во војна со Кина.

Кинезите и царините го заковаа европскиот челик

Глобалниот пад на цените поради зголеменото производство од Кина и високите царини што ги наметна американскиот претседател Трамп го направи производството на челик неисплатливо во Европа. Се затвораат погони и се укинуваат работни места, но ниедна земја не сака да престане да го произведува суштинскиот материјал за нејзината економска и национална безбедност.

Обама лично ги наредил лажните извештаи за да се оцрни Трамп?

Главната обвинителка Пам Бонди ќе формира специјална група за да истражи колку длабоко поранешниот претседател Барак Обама заглавил во обидите да му го подметне „руското мешање“ во кампањата на Доналд Трамп во 2016 година. Тулси Габард пред една недела тоа го опиша како „предавнички заговор“. Сега објави нови папки со докази и побара кривично гонење на Обама.

Дебело сме ја потцениле моќта на Сонцето

На своја кожа чувствуваме колкава е силата на Сонцето, но научниците мошне веројатно ја потцениле неговата магнетна моќ. Ново истражување покажува дека и најсовремените инструменти на НАСА регистрираат едвај половина од магнетното зрачење. Тоа е важно за да се спречат катастрофални последици од сончевите бури врз сателитите и електричната мрежа на Земјата.

Заврши кратката авантура на Онлифанс во Кина

Кина го блокира пристапот до OnlyFans, наведувајќи го како „закана за националниот морал, културните вредности и општествениот поредок“. Прашање е како оваа платформа на која главно се споделуваат порно содржини од домашна изработка, воопшто се протнала преку строгите кинески цензури кои одамна ги забранија и побезопасни канали како Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм. 

Прележале ковид или не, пандемијата ни го остарела мозокот

Пандемијата, со сите стресови од затворање по домовите, наметнувањето маски и одржување растојание, откажувањето спортски, културни и естрадни настани... практично целосното уништување на социјалните навики, оставиле белези врз мозокот на сите луѓе, без оглед дали прележале корона. Мозоците ни старееле побрзо. Сè уште е рано за да се утврди дали последиците се долготрајни.

Британија мавта со бело знаме пред исламизацијата

Со речиси секој изминат ден, Британија прогресивно го прифаќа сопственото уништување со тоа што се поклонува пред своите смртни непријатели и им се нафрла на своите најлојални пријатели. Лабуристичката влада на премиерот Кир Стармер сè повеќе се предава на исламизацијата и нелегалната миграција, додека води отровна култура на антисемитизам која е надвор од контрола.

Гислејн Максвел сака да се спогоди со Трамп

Блискоста со Гислејн Максвел долго време му беше слабост на Трамп. Сега таа може да го спаси од тврдењата дека е вмешан во злосторничката шема на нејзиниот сопруг Епстин. Максвел во затвор деновиве лично ќе ја посети висок обвинител, а во август ќе сведочи пред Конгресот како соработник. Идеална шанса за да се спогоди, но прашање е дали некој ќе ѝ поверува на сведоштвото.

Фузиски реактори може да создаваат тони злато

Стартап од Сан Франциско тврди дека конечно ја решил милениумската тајна на алхемијата – како да се направи злато од некој друг метал. Магијата е во нуклеарната фузија, која досега е постигната само во термонуклеарни бомби. Фузиските нуклеарни реактори во иднината би можеле да прават тони злато годишно и така двојно да го зголемат ќарот од произведената струја. 

Вистинскиот епилог на романските избори

Откако НАТО скептицизмот беше издриблан со сите мерки што можеа да им текнат, Романија се враќа на посакуваниот колосек; купува израелско оружје вредно милијарди долари. Ова го прави во период на длабока финансиска криза, кога ќе мора да ги крене даноците и да отпушти една петтина од јавната администрација за да ја затне рекордно длабоката дупка во буџетот.

Само строго со децата, за нивно добро

За разлика од нивните родители, денешните се бомбардирани со совети и филозофии како да ги воспитаат своите деца. Тоа прерасна во бизнис. Пазарот на апликации за родители се проценува дека вреди 600 милиони долари. Студија што цела деценија следела развој на речиси 6.000 деца, нуди докази кое воспитување е поврзано со најдобрите резултати: Авторитативно, со доза на нежност.

Новата зора на Сирија е веќе кошмар

„Инклузивните“ сириски џихадисти кои ги слави Западот се соучесници во погромите против Друзите и Алавитите. За малцинствата во Сирија, промената на режимот значеше промена на костумите на владетелите, а не на нивниот карактер. Шара вели дека се стреми да ја „обедини“ Сирија. Во пракса, неговото владеење е секташко средување сметки и прекршени ветувања.

Германија ќе троши на тенкови, но и на шпионски бубашваби

Привршува апсолутната доминација на гигантите како Рајнметал во воената индустрија во Германија. Владата на Мерц ги менува законите за да им го олесни патот на стартапите до огромниот буџет за одбрана. Малите креативни компании полесно го следат брзиот развој на вештачката интелигенција, дроновите и роботите. Ќе има пари и за луди иновации како бубашваби на далечинско. 

Гугл му помага на Израел да шири воена пропаганда во Европа

Додека пука по своите соседи, Израел троши милиони долари дневно за да ги бомбардира Европејците со страшни пораки дека Иран ќе ги збрише со нуклеарни проектили. Геноцидот во Газа го претставува како „хуманитарна операција“. Платените реклами на пет јазици на YouTube во изминатиот месец биле претставени пред најмалку 45 милиони луѓе. Скапо е да оправдаш геноцид.

Зеленски ја предаде демократијата за која војуваат Украинците

Илјадници луѓе синоќа низ Украина протестираа против ненадејната одлука на претседателот Володимир Зеленски да ја ограничи автономијата на две антикорупциски агенции кои се од централно значење за спроведување на реформите. Справувањето со ендемската корупција е услов за Киев да ѝ се приклучи на ЕУ и да добива милијарди долари помош од Западот.

Ви доаѓа да учукате некого? Рибино масло.

Ако се чувствувате раздразливо, пробајте омега-3. Веќе е докажано дека овие масни киселини, достапни како додатоци во исхраната преку капсули од рибино масло, смируваат шизофренија и го намалуваат ризикот од мозочни и од срцеви удари. Сега е потврдено дека може да ја намалат и агресивноста за 28%. За смирување агресија кај деца се препорачува најмалку две порции риба неделно.

Почина Ози Озборн, човекот кој уште жив викаше „Јас своето си го умрев“

Ози Озборн почина на 76 години. Принцот на темнината беше икона на британскиот хевиметал и не ни се очекуваше да доживее толку, да не беше една ретка генетска деформација која огромните количини алкохол и дроги кои со децении ги истураше во себе не му ги поништуваше многи поефикасно отколку кај нормален човек. Ози Озборн се одјави само три недели по прошталниот концерт на Блек Сабат. „Mama, I’m Coming Home“, најави тој од бината.

Тужба од бирократите во Брисел против француската еко-педантност

Бриселските бирократи не дозволуваат некој да им ги нарушува строгите правила на единствениот пазар, дури ни кога тоа се водечки светски еколошки регулативи. Французите педантно со повеќегодишна кампања создавале култура граѓаните правилно да го сортираат отпадот. Брисел на суд ќе се бори против француските етикети на производите за да ги прилагоди на своите стандарди.

Како да ви даваат рак за да ослабете

Иако постојано е напаѓан во својата земја поради смелите ставови, британскиот доктор Асим Малхотра ги убеди властите да го намалат нивото на шеќер во храната. Вакцините со мРНА ги смета за апсолутна катастрофа и го критикува масовното препишување статини како превентива од срцеви заболувања. Сега тргна во битка против „инјекцијата за слабеење“ што ја воведе NHS.

Хемотерапијата може да го забрза ширењето на ракот

Вообичаениот третман со хемотерапија насочен кон примарниот тумор може да ги разбуди неактивните клетки на ракот што веќе се вгнездиле во други органи од пациентот, предупредуваат научници од Кинеската академија на науки. Во тек се клинички испитувања дали овие несакани последици може да се спречат со додавање лекови што го запираат стареењето на клетките.

Оптимистите си личат, секој песимист е посебен

Мозочни активности кај оптимистите и песимистите го потврдуваат Принципот на Ана Каренина, кој Толстој го дефинира на почетокот на романот: „Сите среќни семејства се слични; секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“. Сличната бранова должина ги групира оптимистите во јадро на социјални групи, а секој песимист има сопствени стравови што го водат кон црно сценарио.

Кинезите градат нова најголема брана во светот

Кинеската хидроцентрала Три клисури ги собори сите рекорди според големината и произведената струја. На Кинезите и тоа им е малку, па сега градат нова брана на Тибет, три пати поголема. Вложија 167 милијарди долари за систем од пет брани и 20 тунели под планина. Индија и Бангладеш се жалат дека ќе останат без вода или може да бидат збришани ако Кина ги одврти вентилите.

Илјада агенти на ФБИ го бараат Трамп во досието на Епстин

Аналитичарка со дебели врски во ФБИ ги потврдува извештаите дека службеници во Вашингтон се ангажирани да го пребаруваат секое спомнување на Доналд Трамп во досието за педофилот Џефри Епстин. Прелистуваат 300.000 страници и водат дневник. На Трамп некако не му се сака, но и најзакоравените членови на МАГА го притискаат да ги објави целосните документи за Епстин.

Мајкрософт ќе нурне во септички јами за да си го исчисти образот

Мајкрософт ќе собира милиони тони човечки измет од канализации, животински лепешки и арски гној за да ги спакува длабоко под земја и така да добие прошка за ѓубрето што во воздухот го испуштаат огромните центри за податоци со кои се напојува вештачката интелигенција. Нема да ги извалка рацете, туку ќе ѝ плати на специјализирана компанија за безбедно складирање отпад.

Тифусот се враќа, посилен од порано

Од жаришта во Азија повторно на светот му се заканува тифусната треска, од која луѓето страдале со милениуми, сè додека не ја искорениле со едноставни апчиња. Бактеријата salmonella typhi сега покажува отпорност на речиси секој антибиотик што лекарите го користат против неа. Мутации се шират и се вгнездуваат во Африка, но и во земји со развиени здравствени системи како САД и Британија.