
За реализација на стратегијата за држење на Русија подалеку од Пекинг, САД предвидоа влегување во стратешко партнерство со Русија, ориентирано кон ресурси, по завршувањето на украинскиот конфликт, со попатно очекување дека оваа заедничка платформа ќе го охрабри Путин да се согласи на значајни територијални и/или безбедносни отстапки.
Но, несакањето или неможењето на Трамп да го принуди Зеленски на отстапки за Москва, заедно со загрижувачките планови за распоредување на НАТО во Украина, го убедија Путин да се откаже од балансираниот пристап и појако да завесла кон Кина.
„Успешното склучување на долго преговараниот договор меѓу Москва и Пекинг за гасоводот „Моќта на Сибир 2“, кој речиси ќе го удвои извозот на руски гас во Кина по поевтина цена од онаа што ја добива ЕУ, го означува неуспехот на Големата евроазиска стратегија на Трамп“, пишува Ендрју Корибко.
Путин можеби ќе издржеше подолго доколку Трамп не го катализираше почетното кинеско-индиско приближување, со неговите лицемерни казнени царини кои го спречуваат подемот на Индија. Тие ја натераа Индија да ги закрпи своите односи со Кина.
„Надворешната политика на Трамп кон Евроазија евидентно не успеа. Погрешниот пристап кон Русија и Индија од кои се бараше премногу, доведе до тоа тие две страни и Кина да почнат да ги решаваат своите разлики, со што се забрзуваат мултиполарните процеси на сметка на униполарните интереси на САД. Рубиконот е очигледно пречекорен после овој последен договор за гасовод и сега сите нагаѓаат каков ќе биде одговорот на САД“, пишува Корибко.