
„Дали Полјаците стануваат скептици во врска со Украина?“, се прашува Михал Кранц наведувајќи ги резултатите од анкетата од минатата недела по која мало, но јасно мнозинство (52,7%) граѓани на Полска се против членство на Украина во НАТО.
Бааги разлика од пред три години кога 75% Полјаци го поддржуваа членството.
Поделбата меѓу луѓето и таму оди по партиски линии. Симпатизерите на Доналд Туск се за поддршка на Киев, опозиционерските суверенисти против.
Туск последниот јуни ја повтори посветеноста на Полска на членството на Украина во НАТО, но новоинаугурираниот претседател Карол Навроцки, поддржан од опозицијата, го отфрли тоа, фокусирајќи се на проблемите со Киев околу историски прашања како што е нерешениот епилог од масакрите врз Полјаците во Волинија од страна на украинските националисти во времето на Втората светска војна. Навроцки рече дека во голема мера ја поддржува одбраната на Украина од Русија, но сака полско-украинскиот однос да биде рамноправно партнерство. По него, тоа денес не е така.
Полјаците и натаму се загрижени од евентуална руска агресија па сериозно ја билдаат и својата економска моќ (види: Полска го достигна животниот стандард на Јапонија) и особено армијата (види: До 2030 Полска ќе има повеќе тенкови од Британија, Германија, Франција и Италија - заедно). Но, за разлика од 2022 година, денес не се сигурни дека нивната безбедност првенствено зависи од ситуацијата во Украина.
Вниманието сè повеќе се врти кон 400 километри долгата граница со Белорусија и можноста човекот на Путин, Лукашенко, на тој потег да ескалира тензии со саботажи, подметнати пожари и хибридна војна.
„Со конфликт пред своите порти, Полска сè повеќе доаѓа до ставот дека НАТО можеби нема да може одеднаш да ги брани и Украина и Полска. Со години, општоприфатено беше дека двете земји се посилни заедно. Но, во време кога државите сè повеќе се вртат кон себе, многу Полјаци - како и другите низ регионот - сега го гледаат изборот како ние или тие“, пишува Кранц.
*********
Види и:
Украина и Полска ги поврзува само Русија