Снемува инсекти и кај што нема луѓе

Многу видови инсекти, од пеперутки до скакулци, се помасовно исчезнуваат, не само во региони во кои се загрозени од активностите на човекот, туку и во дивина. Нивниот број во изминатите 20 години се намалил и до 70% во региони што не биле допрени од човекот. Тоа сериозно го зголемува ризикот од домино-ефектот, во кој прво страдаат влекачите и птиците, а потоа и цицачите.

Губењето на инсектите во клучните области низ целиот свет во минатото се припишуваше на намерното намалување на биодиверзитетните живеалишта и промените во локалната клима.

Ново истражување покажува дека популациите на инсектите се протегаат далеку од сферите на непосредно влијание на човекот. Откриени се историски траги за намалување на бројот на мравките на пацифичкиот архипелаг Фиџи откако луѓето го населиле пред околу 3.000 години. 

Тешко е да се проценат историските промени во популациите на инсекти, бидејќи со неколку исклучоци, не ги следевме директно популациите со текот на времето. Ова го направивме со нов пристап на анализа на геномите, кои содржат информации дали популациите растат или се намалуваат. Реконструкцијата покажува дека 79% од домашните видови мравки во Фиџи доживеале пад на популацијата, а донесените експлодирале во бројноста, објаснува еволутивниот биолог Иван Икономо од Универзитетот во Мериленд.

Биологот од Универзитетот во Северна Каролина, Кит Сокман, забележа драматичен пад од над 70% на летачки инсекти за само 20 години во изолирани области, ретко населени со луѓе.

Сокман ја следел и ја анализирал густината на инсектите во летата помеѓу 2004 и 2024 година на изолирана ливада во Колорадо. Резултатите покажале дека потоплите лета, како што ги евидентирала метеоролошката станица на местото на земање примероци, биле поврзани со помалку инсекти следната година.

Слично намалување е регистрирано кај популациите на пеперутки, бубачки и разни тропски инсекти под влијание на променетиот циклус Ел нињо во тропските предели. 

Со над 5 милиони видови инсекти, некои видови неизбежно имаат корист од истите променливи услови што им штетат на другите. Но, „победниците“ нема целосно да им ја преземат улогата на инсектите што исчезнуваат, што води кон понатамошни нарушувања во деликатните мрежи на интеракции што ги одржуваат екосистемите. Губењето на вкупната биомаса, освен кај инсектите, сега е забележлива и на повисоко ниво, кај гуштерите, жабите и птиците.

Без инсекти, сè умира: сите цицачи, сите влекачи, сите птици, па дури и луѓето, изјави зоологот Џесика Вер од Американскиот музеј за природна историја за Медлин Бодин за Смитсонијан. 

******
Види и: Ги уништивме бубачките и мува не нè лази

19 септември 2025 - 14:35