Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Завршната сметка на Нетанјаху

Како премиер има потрошено 24.000 долари за една година на храна за носење. Овие 66 долари на ден ги потрошил и покрај тоа што во резиденцијата има личен готвач. Бројките се од извештајот на државниот ревизор. Цела држава е на нозе заради ова.

Колку би ја чинело Грција да го напушти еврото

Додека траат натегањата меѓу Грција и ЕУ околу враќање на парите, кои моментално се некаде во сферата "јас имав мака што ти побарав пари, ти што мака имаше да ми ги дадеш," се разгледува и за сега најстрашната опција - напуштање на еврото.

Зошто мажите мислат дека жените им се пуштаат?

Стрејт мажите е многу поверојатно од стрејт жените да се во заблуда дека некој/а им се пушта. А многу е лесно, ако ти се насмее не значи дека те сака или сака нешто од тебе, освен кога баш тоа значи, ама исклучокот не е толку чест, но сепак на тебе може често да ти се случува. Гледате, лесно.

Проблемот со прогонување проституција

Деновиве завршуваше судењето против Доминик Строс-Кан по основа на изнајмување проститутки. Неговата одбрана, барем за случајов, беше непробојна.

Година на берба, и зошто не треба да ти е гајле за неа

Бројката што ја гледате на шише вино, ја означува годината кога е собрано грозјето од кое е направено виното, и нема никаква врска со тоа кога е флаширано виното и кога се појавува на пазар. И генерално, ова не е нешто многу важно.

Филип Морис го возвраќа димот

Водителот на Last Week Tonight посвети цели 20 минути од неделната епизода на тутунските компании, особено пржејќи го Филип Морис заради неговите судски спорови со држави кои се обидуваат да го заштитат нивното јавно здравје. Компанијата му возвраќа со неколку линкови.

Оскарите во сè останато

Вол Стрит Журнал прави поделба на Оскарите меѓу номинираните во категоријата за најдобар филм, во категории кои никаде никој не ги ни споменал.

HTTP/2

Надлежните (IETF HTTP Working Group) и официјално ја финализираа следната верзија на HTTP, која сега чека да го мине процесот на одобрување пред и официјално да стане стандард.

Зошто со некои никогаш нема да се разбереме

Луѓето имаат предодреденост да претпостават дека две работи се поврзани само затоа што се случиле една после друга (илузија на последователност) и ова не само што ќе цементира погрешни идеи во нашиот мозок, туку и ги спречува новите информации да ги корегираат нив.

Дупла бурка и ништо важно не е

Со страв и цврста рака Исламската држава лесно го воспостави посакуваниот дрес-код кај жените во териториите кои ги контролира. Но, бидејќи дисциплината е нешто што постојано треба да се вежба, сега се бара носење на двојно поставени бурки.

Босанските ќебапи го поразија МекДоналдс

По две и пол години работа затворен е единствениот МекДоналдс во Бања Лука. За разлика од приказната кај нас, кај Босанците проблем беше цената и ќебапите.

Зошто некои работи треба да бидат тешки за користење

Како човек што никогаш немал шанса да се бори со Стокец, Рено 4 или Лада Рива, авторот раскажува за неговите искуства од возење Ленд Ровер Дефендер. И покрај сите борби, тој се разочарал кога Ленд Ровер објавил дека повеќе нема да произведува Дефендери, најмногу затоа што решиле да го менуваат за нешто што е полесно за користење.

"Државните" телевизии

Телевизијата е уред за намалување на приходите во домот. Колку повеќе гледате телевизија, толку помалку пари имате

Богатите спијат подобро

Класните разлики не запираат пред спалната соба а богатите луѓе не се погалени само од јавето туку и од сонот.

Не е време за игри во Европа

Го пишувам овој текст на маргините на круцијалните преговори со кредиторите на мојата држава - преговори чии резултати може да обележат цела генерација, и дури да се покажат како пресвртница во европскиот експеримент со монетарната унија.

Неиздржливата леснотија на твитањето

Новинар на Атлантик прави анализа за тоа колку сообраќај носи Твитер на вебстраните. Колку? Малку.

За невозможноста да се бориш со ИСИС

Гледам како сунитското малцинство во Ирак и сунитското мнозинство во Сирија се под опсада од Шиитите. ИСИС е единствената успешна сунитска група која им се спротивставува на Шиитите. Голем дел од арапските Сунити барем пасивно го поддржуваат ИСИС, не затоа што ја поддржуваат нивната екстремна идеологија, туку затоа што сакаат Сунитите да излезат како победници.

Војната на Путин со Западот

Моментално има валута што е во слободен пад, економија која рапидно се намалува и држава која е под меѓународни санкции, ама од негова перспектива, цело ова време Путин победува.

Пораснати во Њујорк без да го видат градот

Шест браќа и една сестра, сосема изолирани од градот во кој растеле. Ги одгледала мајка им во стан од кој клуч имал само татко им. Единствената врска со надворешниот свет им биле филмовите. Изгледале околу 5.000 филма а нивната приказна доби награда на фестивалот Санденс.

Долговечната баба која мрази зеленчук

Животот знае да им се насмее во лице на бројните формули за долговечност кои секојдневно ни се нудат поткрепени со наука или некое квази знаење. Во Вирџинија 106-ти роденден прославила баба која мрази зеленчук и секој ден пие Пепси.

Како изгледа модерна пропагандна машина

Петар Померантсев на 24 години се наоѓа на состанок во Москва со 20-те најголеми медиумски директори во Русија, каде дискутираат за планот за вести за следната недела. Померантсев искуството го пишува во книгата "Ништо не е вистина и се' е возможно," која "опишува свет во кој законите се менуваат во момент по желба на моќните и каде телевизијата дава сеприсутна, забавна и емотивно набиена дисторзија на реалноста."

Планот на Елон Маск за поразување на дистрибутерите на струја

Меѓу објавувањето на разочарувачкиот извештај за заработувачката на Тесла Моторс, и изјавата на Маск дека компанијата во иднина ќе вреди околу 700 милијарди долари, се провлече веста дека тој веќе работи на батерии што ќе може да напојуваат цело домаќинство.

А ова е твојот мозок на трачеви

Тоа што вие не сакате да си признете дека се палите и ве интересираат трачеви за славни, не значи дека науката не може да ве фати. И тоа наука по основа на скенирање на мозокот (без да има потреба да отвора Гугл Аналитикс од портали).

ИСИС ќе ги спасува своите граѓани од пушење

Аргументот на ИСИС не е оној дифолтниот - во ниту една развиена земја не се пуши -  туку од чисто религиски побуди одлучи да го забрани пушењето на целата своја територија. Забраната важи секаде, и дома, и на улица и во ров. Секој што ќе ја прекрши забраната го чека регуларна ИСИС казна.