Државата плаќа приватна мамографија за пратенички
23 August 2026
-
Собранието на пратеничките ќе им плаќа приватен преглед мамографија на дојки, во ситуација кога со месеци жените се обидуваат да закажат мамографија во јавното здравство, бидејќи термини нема.
-
Приватниот преглед со мамографија во Македонија чини од 3.000 до 5.000 денари.
-
Пакетот е додаден на основниот за систематски преглед на пратениците и на вработените во Собранието. Услугата приватен преглед Мамографија на гради ќе ја користат и службеничките во Собранието и вработените жени во кабинетот на претседателот.
-
Приватно здравствено осигурување има и за директорите на ЕСМ (еден од најголемите државни загубари), Државна лотарија, вработените во Народна Банка, менаџментот и вработените од Развојна банка....