„Ако имате сексуални односи со некого без согласност, тоа се нарекува силување. Силувањето е сериозно кривично дело во Велика Британија. Ако силувате, ќе одите во затвор а тоа ќе се одрази на вашето барање за азил,“ подучува упатството за „правила и очекувања“.
На седум страници е и го има на повеќе јазици.
Илустрираниот водич им објаснува на дојденците дека наведените правила не се против нив и дека важат за сите во таа земја.
„Разбираме дека доаѓањето во нова земја може да биде тешко и дека законите и обичаите овде може да се разликуваат од вашата матична земја. Оваа брошура ќе ви помогне да разберете што се очекува од вас кога живеете во Велика Британија.“

За влегување во однос со помлади од 16 години се објаснува дека е тоа илегално, дури и да рекле “да“.
Брошурата понатаму објаснува дека мажите и жените во Велика Британија имаат еднакви права и дека на жените им е дозволено да работат и да заработуваат свои пари, да учат, слободно да патуваат и да донесуваат свои одлуки за својот живот, вклучително и дали да се омажат.
Се додава дека сопругот, таткото или братот никогаш не треба да ја спречуваат жената да работи или студира; да контролира што носи или каде оди; да ја спречува да се гледа со семејството или пријателите; или да донесува одлуки наместо неа без нејзина согласност.

Лани преку Ла Манш им стигнале 41.472 имигранти од кои повеќето побарале азил . Од нив, 34.201 биле мажи. Најмногу ги има Еритрејци, Авганистанци, Иранци, Суданци и Сомалијци.
Минатата недела имало нов рекорд: само со едно пловило им се трапосале 230 луѓе.