Хрватската полиција во Пула го уапси украинскиот нуркач Володимир Журавлев, кого германското судство го сомничи за кревање во воздух на гасоводот „Северен тек“ во 2022 година - додека работел на филм кој се занимава токму со таа саботажа.
Се работи за холивудски политички трилер во режија на прославениот режисер Даг Лиман (The Bourne Identity, Mr. & Mrs. Smith, Edge of Tomorrow...), со Шон Пен и Адријан Броди, директно инспириран од експлозиите кои го уништија Северен тек а следи операција на тајна екипа украински нуркачи во исклучително опасна мисија.
Журавлев бил ангажиран на снимањето на подводните сцени каде бил лоциран и уапсен.
Ова е трет обид за негово приведување.
Пред две години избегна апсење во Полска од каде со автомобил на украинскиот воен аташе бил префрлен во Украина.
Една година подоцна повторно се појави во Полска, полицијата го приведе, но полскиот суд одби да го екстрадира во Германија со образложение дека уништувањето на руската енергетска инфраструктура е легитимна воена цел во воени околности. Но, налогот за апсење од сојузниот суд во Карлсуе остана на сила.
Владо Таневски беше новинар и сериски убиец кој за убиствата на неколку жени пишувал хонорарни статии и репортажи. Заврши со мистериозно (само)убиство во кофа вода.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.