Паралелно со забраната, тие започнале и со конфискување и уништување на сите резерви на тутун и цигари во земјата. Објаснувањето за оваа постапка е дека според Шеријатот пушењето е "бавно самоубиство" и со тоа автоматски се забранува на територијата на ИСИС.
"Секој пушач треба да е свесен дека со секоја цигара што ја пуши во состојба на транс и суета е непочитување на бога. Три дена по објавата на забраната, продавањето тутун ќе биде строго забрането. Сите количини на тутун ќе бидат запалени и продавачите ќе бидат казнети во согласност со Шеријатот," стои во соопштението Канцеларијата за молитви.
Како дел од забраната тие веќе запалија милиони цигари во Ирак ви во Сирија, а објавија и неколку видеа како палат цели полиња посадени со канабис.
Првото прекршување на забраната носи минимум од 40 камшици. Повторувањето на прекршокот може да заврши и со затворска казна или егзекуција.