Од сведоци на теренот, Гардијан пренесува дека во деловите на Ирак и Сирија кои се под контрола на ИД се бара носење на двојно поставени бурки, исто како и широки наметки (кои не ги оддаваат контурите на женското тело) и ракавици. Во секое време на денот, секаде.
Во последниот манифест со упатства за живот во исламската држава се препорачува жените да не акаат сами наоколу туку секогаш да имаат машка придружба.
По најново, можат да станат нечии сопруги веќе од 9 годишна возраст и да излегуваат од дома само во исклучителни ситуации. Во случаи кога не ги почитуваат упатствата, на лице место биваат тепани и тие и нивната машка придружба.
И учениците не се поштедени од стриктните правила; комплетно блиндирање се бара од девојчињата уште од четврто одделениe. Со оглед на тоа што за нив и наставничкиот кадар е женски, сите постојано седат со бурки на часовите и не смеат да ги извадат.
Група лекарки своевремено се побуниla против ваквите правила кои им ја отежнуваат работата па се решија на своевиден бојкот со недоаѓање на работа, но беа насила земени од своите домови и поставени на работните места.
Уште еднo од новите правила вели дека патничка во јавен превоз не смее да остане последна во автобусот и да биде сама со возачот па мора да се симне пред да настане таква ситуација.