На 1-ви јануари 2025 и официјално почнува да важи анти-бурка иницијативата која швајцарските гласачи ја одобрија уште во 2021 со 51,2% од гласовите и со која се забранува секакво покривање на лицето во јавност.
Со страв и цврста рака Исламската држава лесно го воспостави посакуваниот дрес-код кај жените во териториите кои ги контролира. Но, бидејќи дисциплината е нешто што постојано треба да се вежба, сега се бара носење на двојно поставени бурки.