
Непочитувањето на законот, односно носење каква било прекривка преку лицето, ќе биде казнето со административна казна од максимум 1.000 швајцарски франци.
Забраната нема да важи во авиони и во просториите на дипломатски или конзуларни претставништва. Лицето ќе може да биде прекриено и во религиозни објекти, а ќе биде дозволено и за здравствени и безбедносни причини, или во случај на временски непогоди.
Дополнителен исклучок се и уметнички или забавни перформанси, секаков вид на реклами или практикување на слободата на изразување и собирање. За ова последното ќе треба претходно одобрение од властите.