Шефицата на АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген
24 August 2026
- Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку влезе во сојузната влада, нејзината партија ќе бара Германија да излезе од еврозоната и од Шенген, да ги затвори националните граници и да воведе значително построга миграциска политика.
- „На Германија ѝ беше значително подобро пред воведувањето на еврото“, рекла Вајдел во интервју за ЗДФ, тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабнала германската економија и го намалила богатството на домаќинствата.
-
Во пресрет на изборите на 6 септември во Саксонија-Анхалт, АфД има поддршка од повеќе од 40 отсто од гласачите. На национално ниво, АфД има 27 отсто поддршка, додека ЦДУ е на 22 отсто.