Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Америка со Финска се избива

Американец извесно време престојува во Финска и таа култура му помогнала да се одвикне од некои свои навики кои ги носел од дома. Зошто таков текст би бил важен за овдешнотото читателство? Затоа што, ќе видите, има и овде американски навики.

Европа во џебот на Кремљ

Народните партии и од левицата и од десницата на европските избори од минатиот мај освоија околу една четвртина од местата. Според Економист ова само го зголеми стравот од формирање про-руски блок во Стразбур.

Казна за родителите со дебели деца

Познатата стратегија за наметнување воља наречена "морков или стап", во Порторико звучи вака: Ако детето не јаде морков, родителот ќе јаде стап.

Ако не си богат до 45 години, никогаш нема да бидеш

Пророштвото е заклучокот од неодамнешна студија спроведена од истражувачите од американските Федерални резерви, кои доаѓаат до границата од 45 години по анализа на официјални податоци од бирото на социјално осигурување од 1978-ма до денес.

Помеѓу глутенот и плацебото

30 проценти од Американците се обидуваат да го намалат или елиминираат глутенот во својата исхрана. На ниво на цел САД само 1% од населението има проблеми со глутен, останатите 29% имаат проблеми со паѓање на реклами.

Науката и згодните мажи

Официјалниот заклучок од студијата на Брунел Универзитетот е дека згодните мажи се посебични од останатите мажи. Неофицијалниот заклучок од студијата е дека машките научници им љубоморат на згодните мажи, па им вадат муабети.

Работна недела во Њујорк Тајмс

Печатницата се наоѓа во Квинс и е на површина од 48.000 метри квадратни, доволно голема за работниците да имаат на располагање трицикли за возрасни. Ноќната смена ја држат околу 350 вработени, кои вечерта треба да извадат 300.000 примероци од весникот. За викенди тиражот е два пати поголем.

Како истекува времето на Гугл

Главниот проблем на технолошките гиганти е што откако нивните производи стануваат претерано успешни, тие почнуваат да се губат под притисокот за одржување на производот што ги збогатил, што пак ги оддалечува од сите промени околу нив и напредокот на технологијата. Ова му се случи на Хјулит-Пакард (кој сега ќе се разделува на две компании), му се случи на Микрософт, а ќе го снајде и Гугл.

Земјата која произведува слогани

"Растете зеленчук во оранжерии!" е еден од најновата реколта политички слогани кои ги произведе идеолошката елита на Северна Кореја. А ги има преку триста, за секоја тема од животот која на човека може да му падне на памет. Малку е проблем што во цела држава човек никаде не може да најде материјал за оранжерија.

Претседателските досиеја на ЦИА

Во описот на задолженија (или мераци) на ЦИА е да има и психолошки профили и дијагнози за светските лидери. И ова не им е ништо скорешно, водат есап уште од времето на Хитлер.

Да, стварно има синдром на хронична замореност

До сега оваа состојба (постојана поспаност преку ден и поспоро размислување) се смета за психолошка или измислена болест. Ново истражување го издига синдромот на физичко пореметување, со конкретна дијагноза.

Џон Стујарт си заминува од Дејли Шоу

Не знае кога (во текот на годинава) и не знае кој ќе го замени, ама Џон Стујарт објави дека ќе повлече од Дејли шоу, и ќе работи нешто друго. И тоа не се знае што ќе биде.

Одговорност за нанесен резил на претседател

27 телохранители се суспендирани за тоа што 90-годишниот Роберт Мугабе се сопна и падна пред цел свет, што потоа заврши како масовен сеир на интернет.

Модерна Грција и 185 години странска помош

Во ниту еден момент од формирањето на грчката држава во 1830-та таа не била оставена сама на себе, и постојано добива поддршка од надвор, "што во земјата создава лажно чувство на просперитет и ги спречува Грците да се соочат со нивната сегашна ситуација."

Кога бродовите ќе стивнат

80 проценти од целиот челик што го употребува Бангладеш доаѓа од распарчување товарни бродови, индустрија на која во земјата работат околу 200.000 луѓе.

Кој фрли најмногу пари на Супер Боул реклами

На 4,5 милиони долари за реклама од 30 секунди, редно е и малку подетално да знаеш како ти минало видеото кај публиката. Ембед.ли пресметува колку пари платиле брендовите и колку минутажа собрале за тоа.

Зошто Пентагон пак доби рекордно висок буџет

За да може во буџетот да има дополнителни 7% пари за трошење на домашни проекти (социјално, училишта и сл.), Обама се обиде да ги одоброволи републиканците дозволувајќи им раст од 7% на буџетот за армијата. На републиканците не им се допаѓа првиот дел, со вториот се ОК.

Оставка во наплив на срам

Водителот на Ноќните вести на ЕнБиСи, Брајан Вилијамс, некое време ќе се повлече од телевизија откако призна дека измислил дел од своето СиВи, поточно еден херојски потег кој излезе дека не се случил.

Биткоин копачите

Група од четворица Кинези, во рурална североисточна Кина пренаменуваат цела фабрика за во нејзе да постават рудник за биткоин. Ова е само една од 6-те локации што ги имаат.

Кенкањето е добро за здравјето

Без да именуваме луѓе (полови), психологијата идентификува "жалители кои одбиваат решенија" како луѓе чија поплака на некоја тема не е со цел да добие или најде решение за истата, туку да добие сожалување од другите за сопствената неадекватност да се справи со ситуацијата. И ваквото кенкање е здраво за вас.

Нема веќе акциони сцени во Париз

По маскарот што терористите го направија во Шарли Ебдо, локалните власти на Париз забранија снимање акциони сцени во градот, затоа што веќе не знаеш кој е кој.

Цела Америка камионџии

Во над половина од сојузните држави во САД, најчесто работно место е возач на камион. Причина - возењето камион е имуно на трендовите кои ги уништија другите работни позиции: глобализација и автоматизација.

Интернет фантазијата за "совршен одговор"

Клучни карактеристики на секој совршен одговор (посебно во време на интернет и онлајн коментари) е под а) да го потврди она во што вие веќе верувате и под б) да биде шамар за некој што веќе го презирате.

Уреднички манифест на Хафингтон Пост

Во медиумскиот бизнис постои една стара максима која царува со децении и вели: "Луѓето сакаат крв". Ги форсираме приказните со насилство, трагедии, катастрофи и корупции, водени од мислата дека тие ќе привлечат најголемо внимание. Но, таквиот етос е погрешен, и функционално и етички. Тоа е лошо новинарство.