Кенкањето е добро за здравјето

Без да именуваме луѓе (полови), психологијата идентификува "жалители кои одбиваат решенија" како луѓе чија поплака на некоја тема не е со цел да добие или најде решение за истата, туку да добие сожалување од другите за сопствената неадекватност да се справи со ситуацијата. И ваквото кенкање е здраво за вас.

"Јадосувањето ни дозволува да го постигнеме посакуваниот исход како сочувство и внимание. И вистината е дека сите го прават ова," објаснува професорката по психологија на Клемсон Универзитетот, Робин Ковалски.

Тие заклучуваат дека постои врската меѓу фокусирањето на актуелен проблем, среќата и изразување на проблемите. Според Ковалски луѓето кои се пофокусирани, се свесни за тоа како нивните моментални постапки можат да влијаат на идните исходи, плус тие се подобри во формулирање на своите жалби, "преферирајќи да се жалат само кога тоа има некаква цел." Наспроти нив, луѓето кои се помалку фокусирани на проблемот може почесто да се жалат, ама со послаби ефекти.

"Ова е дел од стратешката природа на жалењето. Сета умешност се сведува на правење подобар избор, знаејќи кога да се пожалиш и кому," објаснува Ковалски.

Најефективен начин на жалење е кога човекот користи факти и логика, знае кој сака да биде посакуваниот исход од тоа и разбира кој има моќ да го оствари она што тој го бара.

Сосема друго истражување покажува дека жалбите не мора да постигнуваат некакви резултати за да има корист од нив, бидејќи "една од најчестите причини зошто луѓето се жалат е заради катарзата или заради емоционалното ослободување, нешто што посебно важи кај луѓе кои преживеале трауматичен настан."

Во други случаи луѓето го користат жалењето како еден од начините за засилување на нивниот идентитет, "со други зборови манипулираат како другите ги гледаат нив, феномен што психолозите го нарекуваат 'менаџирање импресии.' Тоа што ќе кажеш дека виното во ресторанот не е под очекуваниот квалитет, нема да има никакво влијание на менито, ама ќе им даде до знаење на другите за високите стандарди на оној што се жали."

9 февруари 2015 - 12:34