Кога во 1821-ва Грција ја почнува борбата за независност од Отоманската империја, таа добива симпатии од цела западна Европа, а со ова следуваат и пари, материјали и војска од Западот. По осамостојувањето Британија го субвенционира постоењето на новата држава со цел формирање бедем против Отоманската и Руската империја. Поддршката продолжува и за време на двете светски војни.
Во втората половина од 20-от век, моќта и популарноста на отворено про-советската грчка Комунистичка партија, ја претвора земјата во еден од фронтовите на Студената војна. Во ова време и Истокот и Западот ја преплавуваат земјата со пари, обидувајќи се да ја привлечат на своја страна.
По победата на Западот, приклонетоста на Грција се запечатува со примањето во евро-зоната. Во својата ревност да ја привлече Грција, ЕУ замижува и ги прифаќа бројките за состојбата на земјата што Грција им ги испорачува (изработени со помош на Голдман-Сакс), а кои ја маскираат реалната (лоша) фискалната ситуација.
"Од друга страна, Германија се приклучи на еврото заради сосема поинакви причини. Се до неодамна кога беше надмината од Кина, таа беше најголем извозник во светот. Со цел да ги заштити интересите на својата извозна машинери, Германија се согласи да ја земени легендарната германска марка за релативно послабото евро, но во замена ќе добие заштитена трговска зона која ќе ја гарантира супериорноста на германските производи на најголемиот пазар на светот...
... Јас се надевам дека долгорочната зависност на Грција од странска помош е само исклучок меѓу јужните членки. Италија, Шпанија и Португалија не биле толку често на фронтот на стратешките и идеолошките борби како Грција во изминатите два века. Како резултат на ова, нивната подготвеност да се направат дополнителни барања од Северот не се така длабоко вродени. Ова значи дека дури и Грција да напушти, таа ќе биде единствена, што на крај може да резултира со посилна евро-зона и посилно евро," пишува Џон Браун за Еуро Пацифик Капитал.