Оставка во наплив на срам

Водителот на Ноќните вести на ЕнБиСи, Брајан Вилијамс, некое време ќе се повлече од телевизија откако призна дека измислил дел од своето СиВи, поточно еден херојски потег кој излезе дека не се случил.

Вилијамс и ЕнБиСи во неколку прилики имаа повторено дека во 2003-та бил во воен хеликоптер кога бил соборен во Ирак од непријателски оган. Истото ова тој го спомна и за време на неодамнешниот хокеј натпревар на Њујорк Рејнџерс кога му се оддаваше почест на еден пензиониран војник, а кој на натпреварот беше дојден во придружба на Вилијамс.

По ова неколку припадници на 159-от авијациски полк кои биле дел од екипажот на срушениот хеликоптер, изјавиле дека за време на инцидентот Вилијамс воопшто не бил со нив, ниту пак во близина.

По сите реакции Вилијамс потврди дека веројатно неговата верзија не е точна и дека погрешно ги запаметил настаните.

"Сред мојата кариера мината во покривање и консумирање вести, ми стана очигледно јасно дека моментално јас премногу често дел од вестите, заради моите постапки.

Како главен уредник на Ноќните вести на ЕнБиСи, јас одлучив во следниот период да се тргнам од секојдневното подготвување вести, а Лестер Холт реши да ја преземе мојата позиција и да ми дозволи соодветно да се справам со ова прашање. По моето враќање, јас ќе ги продолжам моите напори да бидам достоен на довербата од оние кои ја вложуваат својата доверба во нас," стои во соопштението од Вилијамс.

9 февруари 2015 - 17:16